Психолог открива 9 работи кои на тинејџерите сè уште им се потребни од нивните родители

Адолесценцијата е време кога младите копнеат по слобода. Овој период е обележан со желба за независност, но родителската поддршка продолжува да игра важна улога додека тинејџерите се прилагодуваат на новите улоги и одговорности.

Едукаторката за родителство и психолог, Џејми Блох, на Инстаграм споделила девет работи кои на тинејџерите на таа возраст сè уште им се потребни од нивните родители. Таа тврди дека како психолог многу добро ги познава умовите на младите луѓе и знае што им помага за да се чувствуваат сакано, видено и поддржано.

Таа ги наведува следниве совети:

Бидете гостопримливи и прифатете ги пријателите на вашите деца.
Прифатете ги такви какви што се (фризура, облека, стил).
Слушајте ги кога нешто ви кажуваат или ви објаснуваат.
Останете смирени дури и кога ги споделуваат своите проблеми со вас.
Почитувајте ја нивната потреба за простор и не сфаќајте го тоа лично.
Приредете им мали изненадувања кои се добро обмислени.
Користете хумор и смејте се со нив бидејќи и натаму сакаат да си играат.
Кажете им дека ги сакате и покажете им мали гестови на наклонетост, како прегратка.

Поддржете ги и охрабрете ги.

„Треба да работиме на врската со нашите тинејџери од самиот почеток. Дури и ако не сте блиски со вашите деца, постојат многу начини на кои можете повторно да изградите сигурна врска со нив. Тинејџерите забележуваат сè, дури и мали гестови на љубов. Следниот пат кога сакате да се поврзете со нив, обидете се да направите нешто од оваа листа“, заклучила Блох.

психологрелациитинејџери