Психолозите објаснија зошто децата лажат

Децата многу често не се согласуваат со родителите, а тоа е најизразено во пубертетот и оние критични години за секое дете, кога мислат дека никој не ги разбира и не ги поддржува. Бројни истражувања велат дека сè потекнува од раното детство, вклучувајќи го и „талентот“ за лажење.

Родителите, секако, играат голема и најважна улога во растењето на детето и во формирањето на неговиот карактер. Честопати не сте ни свесни дека децата го прифаќаат моделот на однесување што го имаат пред себе.

Не им давајте лажни ветувања, бидејќи тие го паметат тоа и го усвојуваат како вистински систем по кој треба да функционираат.

На пример, „ќе добиеш играчка ако изедеш сè од чинијата“ е одличен услов да го научите дека треба да изеде сè, но најлошиот можен метод на едукација е ако го измамите и не го купите ветеното, односно, играчка како награда.

Кога е тој пресврт кога ќе почнат да не лажат и кои деца имаат поголема предиспозиција да пораснат во лажговци? Ставот на психологот е дека строгите родители често предизвикуваат контра-ефект и прават лажговци од нивните деца.

Нивниот систем на забранување се покажал прилично лош. Децата кои се плашат да ја кажат вистината и прибегнуваат кон лажење, имаат големи шанси со текот на времето да станат подобри лажговци и тоа им станува пракса во животот секогаш кога треба да избегнат нешто лошо или да ја отстранат вината од себе.

воспитувањедецалажење