Работи кои детскиот мозок не може да ги совлада

Детскиот мозок се развива со голема брзина и во таа смисла е многу моќен, но има некои работи кои детето едноставно не може да ги совлада уште на рана возраст.

Не знаејќи дека мозокот на детето едноставно не е доволно зрел за некои работи, родителите понекогаш го караат детето затоа што не може да направи нешто, или го сметаат за непослушнo.

„Мозокот е целосно развиен дури околу 25-годишна возраст“, ​​вели педијатарот д-р Дина Марголин.

„Кај малите деца тој е во процес на развој, па некои вештини кои на возрасните им изгледаат сосема природни се „недостапни“ за детето“, пренесува Parents.fr.

Во продолжение дознајте кои пет работи не може да ги направи детскиот мозок.

Да ги задржи и контролира емоциите

Главниот начин на кој децата ги изразуваат своите емоции е со плачење, особено кога се мали и не можат да зборуваат или не можат доволно добро да зборуваат.

Исто така, нивниот мозок сè уште не ја развил способноста за саморегулирање, па детето не може да ја одложи или да ја потисне потребата за плачење, токму овде и сега.

Да се ​​разбере концептот на време

Ако на малото дете му кажете дека „ќе правите колачиња на пладне“, очекувајте веднаш да го побара тоа, бидејќи не го разбира концептот на време, ниту тоа дека не може да направи нешто во веднаш, во истиот момент.

    Исто така, ако детето не се однесувало добро во текот на денот, а родителите го казнуваат со тоа што не му дозволуваат да гледа цртани пред спиење, нема да разбере ниту да се сети зошто е казнет. Во неговиот свет, утрото било одамна и веќе го заборавил.

    Да ги контролира своите желби

    Ако детето сака да скока на креветот, ќе го направи тоа.

    Детскиот мозок сè уште не е доволно зрел за да ги контролира импулсите и желбите, па затоа родителите не треба да ја спречуват желбата на децата да направат нешто, туку треба да ги усмерат кон тоа како сакаат да се однесуваат.

    Да размислуваат рационално
    Веројатно секој родител поминал (или му претстои) фаза во која детето се жали на сѐ – боичката е „премногу сина“, јаболкото не е излупено како што замислило…

    Детето не може да објасни што не е во ред, но е вистински незадоволен од нешто, тоа се неговите вистински чувства, без разлика што на возрасните им изгледаат смешни или претерани.

    Да ги изрази емоциите со зборови

    Децата немаат доволно развиен вокабулар за да изразат сѐ што чувствуваат.

    Наместо тоа, додека нивниот мозок не е доволно зрел за да ги изрази своите чувства со зборови, тие ќе направат сцена, ќе беснеат, ќе плачат кога се лути или кога сакаат нешто да се промени.

      Препознавањето и искажувањето емоции е научена вештина и додека најмалите не ја совладаат, на родителите им треба многу трпение.

      детски мозокдецамозок