Постојат различни роденденски забави – оние каде што доаѓаат само возрасни, а од децата нема ни трага. Има и прослави каде родителите ги оставаат децата и трчаат да си завршат некоја работа во следните неколку часа „слободно време“.
А има и такви родендени каде родителите го носат своето дете и сакаат да седнат и да го поминат роденденот во муабет и дружење. И тоа е во ред, се додека тоа го сакаат и домаќините. Но, што ако не сакаат?
Како да им објасните на родителите дека роденденската забава е само за деца, а тие не се поканети?
Една мајка коментира дека често на нивните прослави доаѓаат и по двајца родители, а понекогаш се случува поканетите деца да донесат со себе и двајца братучеди. Така, наместо еден гостин, на забавата се појавуваат уште четворица непланирани гости.
На социјалните платформи, друга мајка побара совет како да избегне такви ситуации и објасни дека роденденската забава е дизајнирана така што ќе ги остават децата, а родителот и остатокот од „свитата“ можат да продолжат понатаму – без никој да се чувствува навреден и отфрлен?
Имено, таа планира забава за својот деветгодишен син во нејзиниот стан и му дозволила да покани петмина негови пријатели.
-Немаме многу простор и мислам дека е доволно. Добро е што родителите ги оставаат децата и остануваат десетина минути додека да проверат дали се е во ред и дали нивните деца се сместиле, но потоа очекувам да си заминат. Би сакала да напишам нешто на поканите за да сфатат дека ова не е прослава на која се собираат возрасните, но не сакам никој да се навреди – коментира една мајка.
Лутење или разбирање на родителите?
Многу луѓе ја контактирале со предлози, забележувајќи дека е малку ладно да се стави на поканата: Забавата е само за деца. Тие предложија барем да се додаде реченицата: Уживајте во слободното утро/попладне. Други советувале дека би било добро да се спомене дека просторот е ограничен, а некој мудро предложил на поканите да се додаде: Оставете ги децата во 14 часот, земете ги во 18 часот. Ова јасно покажува дека ниту еден родител не мора да остане и да „ви помага“.
Многумина советувале искреност, или да им кажат на родителите дека просторот е мал и затоа е ограничен само на славеникот и гостите, што треба да биде прифатливо за секого, а самите родители коментирале дека лично не би размислувале да останат на ничија роденденска забава и дека едвај чекале да се напијат кафе сами или да направат нешто друго.
Додека многумина ја „слават“ својата слобода и тврдат дека не сакаат да присуствуваат на детски родендени, има и такви кои коментираат дека не би се чувствувале пријатно да остават деветгодишно дете во непозната куќа со странец.