Обидувањето да го научите вашето бебе да спие цела ноќ е еден од најпредизвикувачките аспекти на родителството. Знаејќи го ова, една мајка им напишала писмо на своите соседи во кое ги предупредила за тоа што следува, пренесува Мирор. Исцрпените новопечени родители оставиле симпатична белешка на вратата на секој од нивните соседи, објаснувајќи дека почнале да го навикнуваат своето бебе самостојно да заспива. Во писмото, однапред се извиниле за плачот што најверојатно ќе го слушаат, па дури и ги поканиле да дојдат по млеко, шеќер, јајца или текила доколку случајно им треба.
„За жал, морам да ве известам дека почнавме со обука за спиење на нашиот син. По многу непроспиени ноќи поради четиримесечна регресија на спиењето, решивме дека е време да започнеме со тренинзи за спиење. Ако слушате плачење, молете се нас и знајте дека и јас плачам и многу ми е жал за непријатностите што може да ви ги предизвика тоа, се надеваме дека нема да трае долго“, напишала мајката.
„Знајте дека не го занемарувам, но ќе му дозволам да се обиде да се смири 45-60 минути во овој период. Ќе бидам во собата на секои пет до десет минути за да го уверам дека не е сам и дека е добро. Ако почнете да чувствувате омраза кон нас, слободно тропнете ни на врата и ќе ви донесам чашка текила за да ги поправите односите. Тоа е евтина текила, но ќе ви ги смири нервите, тестирана е и докажано делува. Како и да е, имајте нè во вашите молитви и вклучете го на посилно звукот на телевизорот“.