Родители, одземете им го правото на приватност на децата, сега!

Драги родители на тинејџери, ги сакам учениците. Познавав десетици илјади од нив. Работев со нив повеќе од десет години. Патував со нив, се смеев со нив, тагував со нив и се молев со нив.

Шетав по нивните ходници и седев во нивните училници.
Сакам да мислам дека добро ги познавам нив и светот во кој живеат.
Мајки и татковци, тука сум да ви кажам дека треба да им се одземе правото на приватност – веднаш!

Замислете ако вие (и тинејџерите што го читаат ова) го слушнавте тоа и помисливте: „Тоа е навистина ужасно да се каже!“

Во ред, тогаш ќе бидам ужасен и во право.

Некогаш, тинејџерите можеа да имаат право на приватност, а со тоа мислам дека имаа просторија каде што можеа да избегаат од светот, каде што можеа да ја затворат вратата, да пуштат музика, да отворат тетратка и да ги запишат работите што се случуваа во нивните глави.

Но, тоа време и место одамна ги нема.

Сега, кога тинејџерите влегуваат во таа соба и ја затвораат вратата, тие веќе не се сами (всушност, многу од нив не се ни способни за самостоен живот).

Сега, кога влегуваат во нивната соба, тие не бегаат од светот, туку влегуваат во него и во најопасните, застрашувачки и загрозувачки делови на светот. Тие го покануваат тој свет во својот свет, во својот личен простор.

Благодарение на нивните телефони, тинејџерите можат за неколку секунди да пристапат до луѓе и до места за кои нашите родители можеби можеле да имаат само кошмари.

Тие можат да ги откријат своите најинтимни тајни на сосема непознати луѓе.
Тие можат да добијат дрога и оружје, да најдат порнографија и готови училишни работи.

Тие можат да ги поттикнуваат другите на самоубиство.
Тие можат да бидат насилници или жртви на насилство.
Тие можат да се коцкаат користејќи ги вашите кредитни картички.
Тие можат да купуваат и продаваат сè што можете да замислите.
Тие можат да споделуваат со други фотографии од своите тела.
Тие можат да ги видат најнасилните фотографии на светот.
И сето тоа е заштитено со шифра.

Имено, светот се промени, а се променија и правилата.

Технологијата едноставно напредува пребрзо за да можеме лесно да им ја препуштиме на учениците.

Тие не можат да се справат со тоа.

Мора да бидете во тие опасни води со нив, како да се мали деца во бурен океан каде пливаат ајкули.

„Но, јас имам доверба во моите деца“, велите вие.

Меѓутоа, не е проблемот во тоа.

За родителите никогаш не станува збор за тоа дека не им веруваат на своите деца – проблемот е многу поширок.

Барем така беше со моите родители.

Кога бев тинејџер, моите родители ги познаваа моите пријатели, знаеја каде живеат, кои се нивните родители и кои се нивните верувања. Тие знаеја каде одиме, како ќе стигнеме таму и кога ќе се вратиме. (секако, имаше приватност, но тоа беше информирана приватност).

На социјалните мрежи, вашите деца веројатно имаат неколку стотици „пријатели“ кои всушност воопшто не ги познаваат и кои имаат пристап до вашите деца. Дали навистина сакате да им дадете толку приватно време со толку многу странци?

МАЈКИ И ТАТКОВЦИ, ЕДНОСТАВНО КАЖАНО: ако сте родител на дете под 13 години или тинејџер и немате пристап до секоја порака, секој уред, секоја шифра и секоја страница што вашите деца ја посетуваат, вие всушност ги запоставувате. Со тоа, вие самите учествувате во сè што тие прават, гледаат и доживуваат.

Добро, можеби она со што тинејџерите не би требало да го имаат или со што не можат да се справат не е приватност, туку технолошка приватност.
Дали им е потребно и дали тинејџерите заслужуваат место за себе?

Апсолутно.

Нека избегаат од светот. Дозволете им да се затворат во своите соби, да ја попуштат музиката, да земат тетратка и да ги запишат своите мисли.
Но, ако „тетратката“ нема хартии туку батерии – набавете шифра!

Текстот е од ТУКА.

забранаприватностродителитинејџери