Родителски навики кои ги нервираат тинејџерите

Експертката за родителство, Др. Луси Хемен, на својот профил на Тик-Ток, преку неколку кратки видеа истакна пет работи што е најдобро да се избегнуваат при комуникација со тинејџерите.

Споредување со брат, сестра, пријател или соиграч во тимот
„Секоја споредба предизвикува емоционална експлозија кај тинејџерите“, објаснува др. Хемен.

Тие често чувствуваат длабок срам и непријатност, проследено со незадоволство или лутина.

Затоа е важно да се избегнуваат споредби.

Контролирање на однесувањето

Тинејџерите се во фаза на развој каде што треба да преземат одговорност.

Прекумерните совети може да ги фрустрираат, особено ако не им се потребни.

Наместо тоа, прашајте ги: „Дали има работи со кои ти помагам, а кои повеќе не ми се потребни?“ објаснува д-р Хемен.

Почитувајте ја нивната желба да бидат понезависни и повлечете се со предлозите што повеќе не им се потребни, пренесува Tinybeans.

Поставување премногу прашања

Д-р Хемен советува дека ако поставувате премногу прашања и покажете премногу љубопитност за нивниот личен живот, тоа може да предизвика чувство на нарушување на приватноста кај тинејџерите и тие да се повлечат.

„Целта е да се покаже интерес за она што го зборуваат, но да не се претера“, вели др. Хемен.

Претпоставување на најлошото


Претпоставките за лошо однесување може да ги обесхрабрат тинејџерите.

Наместо: „Пак нема да учиш?“, кажете: „Каков ти е планот за учење, како можам да ти помогнам?“, посочува д-р Хемен.

Кршење на границите

„Тинејџерите обично не сакаат да знаат премногу за вашиот личен живот“, вели др. Хемен. Споделувањето детали за разводот или за вашите врски може да биде непријатно за нив, дури и ако мислите дека на тој начин ја градите врската.

Сè што го нарушува впечатокот за вашата емоционална стабилност или им изгледа премногу интимно, обично им прави непријатност, објаснува д-р Хемен.