Родителството не е за сите: Ако се препознавате во овие 9 знаци, тогаш не треба да имате деца

Улогата на родител не е за секого. Има луѓе кои знаат дека не сакаат деца и не планираат да се предомислат, а некои луѓе исто така претпочитаат да се држат настрана од бебињата. Во продолжение ви претставуваме 9 знаци кои велат дека е подобро да не се остварувате во улога на родител само затоа што околината го очекуѕва тоа од вас. Значи, проверете дали сте или не сте подготвени за родителство?

Мислите само на себе
Кога имате дете, вашите потреби обично паѓаат во втор план бидејќи малите деца не можат да се грижат за себе. Затоа, ако мислите дека светот се врти околу вас, направете им услуга на сите и не се размножувајте, пишува YourTango.

Не сте стабилни
Сите ние имаме свои проблеми, но некои луѓе се многу нестабилни. Ако ви е тешко да се грижите за себе, не се одлучувајте за деца додека не се чувствувате подобро. Децата не треба да се грижат за своите родители, туку обратно.

Не сакате деца
Не сака секој деца и тоа е сосема во ред, односно, не ве прави лоша личност. Ако од помислата на деца ви се крева секое влакно на главата, не попуштајте под притисокот на врсниците или општествените очекувања и едноставно немојте да имате деца.

Суетни сте
Сите сакаме да изгледаме добро по породувањето, но ако се плашите од вишок килограми или од стрии, немате доволно самодоверба и дефинитивно не треба да имате деца. Нормално е да сакате да изгледате добро и да бидете фит, но ако сте толку опседнати со својот изглед што не можете да се справите со бременоста и сите нејзини предизвици, почекајте додека не ви биде поудобно во сопствената кожа пред да започнете да одгледувате друго човекчко битие.

Ако често се лутите и викате, тогаш децата дефинитивно не се за вас

Ако често го кревате гласот затоа што сте лути на животот, не се размножувајте и не ги плашете тие идни деца. Веќе го вознемирувате светот со вашиот постојан гнев. Прво обидете се со терапија.

Преферирате самотија
Ако претпочитате да бидете сами отколку да поминувате време со други луѓе или да се поврзувате интимно со некого, можеби нема да бидете одличен кандидат за родителство. Имено, откако ќе добиете дете, ретко ќе бидете сами. Убаво е да ја цените осаменоста и да уживате во неа, но ако друштвото ве вознемирува, нема да бидете многу подобри ниту со децата.

Очекувате совршенство
Ако секогаш мора сè да биде совршено за вас, детето веројатно нема да се вклопи во вашиот свет. Децата се гласни, неуредни, невнимателни и импулсивни. Ќе ви го свртат животот наопаку бидејќи тоа е нивна „задача“. Ако не можете да поднесете нешто да ви испадне од распоредот, родителството ќе ве скрши.

Ја барате секоја капка од вниманието на партнерот
Сите сакаме да бидеме сакани и нема ништо лошо во тоа, но ако не можете да ја поднесете помислата дека вашиот партнер посветува внимание на некој друг освен вам, не сте подготвени да бидете родител. Дури и кога мислите дека спијат, децата ќе се разбудат и ќе бараат внимание. Тие бараат постојана работа, љубов и грижа. Повеќе нема да бидете центарот на универзумот на вашиот партнер додека децата не го напуштат вашиот дом.

Бракот или врската ви се нестабилни
Ако вашиот брак или врска се во целосен распад, не треба да имате деца. Почекајте додека не излезете од токсичната врска. Можеби мислите дека детето ќе го промени вашиот однос со партнерот, но се лажете. Детето само ќе ви ги зголеми проблемите.

децазнациродителство