Сѐ повеќе деца во Америка се дебели: Бројот на деца со вишок килограми, три пати поголем од 2008-ма

Во последните години во Соединетите Американски Држави нагло пораснал бројот на деца со прекумерна тежина, а највисоки стапки се забележани кај адолесцентите и кај децата од афроамериканско потекло.

Ова го покажало истражувањето чии автори се професори од Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего.

Според истражувањето објавено во медицинското списание Jama (Jama Network Open), во 2023 година околу 23 отсто од сите деца биле дебели, во споредба со 19 проценти во 2008 година, пренесе Блумберг.

Повеќе од еден процент од децата на возраст меѓу две и 18 години имале „исклучително тешка дебелина“.

Авторот на студијата, Филип Хартман, вели дека се надева оти резултатите ќе доведат до повеќе испитувања кои ќе ги тестираат придобивките од лековите за слабеење наречени GLP-1, кај деца и адолесценти со тешка дебелина.

– Можеби би било разумно кај тие пациенти лековите за слабеење да се даваат многу рано, вели Хартман.

Резултатите за прекумерната дебелина се засновани на информации од повеќе од 25.000 деца собрани во рамките на Националното истражување за здравје и исхрана, со кое управуваат Центрите за контрола и превенција на болести и американскиот Национален центар за здравствена статистика.