Инфлуенсерката Ники Филипи има над милион претплатници на YouTube, каде што редовно објавува содржини поврзани со семејниот живот со нејзиниот сопруг Ден. Неодамна предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи бидејќи се дозна дека планирале да посвојат дете од Тајланд, но фактот што нема да смеат да го прикажуваат ова дете во нивните онлајн содржини буквално ги шокирало, поради што брачниот пар се откажал од својата намера.
Иако ова се случило пред неколку години, видеото на Ники и Ден кои зборуваат за тоа неодамна се појави на профилот на Тик-Ток кој често објавува контроверзии за инфлуенсерите. Тоа видео за кратко време стана вирално, а моментално има шест милиони прегледи.
„Ова е страшно, доказ дека одлуката да се забрани објавување на деца на социјалните мрежи, односно на интернет, сепак била одлична идеја“, е само еден од коментарите на луѓето под видеото кои се шокирани од одлуката на инфлуенсерите.
Како што објасни креаторот на овој профил на Тик-Ток наречен @the_internet_is_foreverr, со своите објави се обидува да го привлече вниманието и да предизвика загриженост во јавноста за денешната култура на инфлуенсерство и фактот дека многу родители всушност ги користат своите деца исклучиво како извор на приход.
Споменатите инфлуенсери во меѓувреме добиле свое дете, а породувањето го пренесувале во живо на својот канал на Јутјуб. Погледнете го видеото подолу.
[…] Повеќе за ова, како и двете видеа, можете да ги видите на порталот „Мајка и дете“. […]