Се појави нов стил на воспитувањe: Свилени мајки

Бидејќи не постојат универзални правила, родителството може да биде предизвик, а секој родител носи свои одлуки за тоа како да се грижи за своите деца. Тиктокерката и мајка, Александра Сабол, го опиша и го покажа нејзиниот стил на родителство на Тик-Ток. Овој родителски стил, судејќи по нејзиното видео вклучува многу грицки и време поминато пред екранот.

Таа тврди дека е свилена мајка. Терминот може да изгледа збунувачки за некого, но всушност е многу едноставен.

Свилената мајка (или татко) е онаа која ги прифаќа сите современи методи на воспитување, од константно угодување на детето, до дозволување на неограничен пристап до дигиталните уреди.


Видеото набрзо стана вирално, што предизвика дебата меѓу родителите. Некои коментираат дека се и тие свилени родители, а некои ја исмејуваа мајката и ја нарекуваа мрзелива.

Една корисничка напишала: „Јас сум свилена мајка, воопшто не се грижам за моите деца“. Друга мајка заклучува: „Значи, свилената мајка всушност значи мрзлива мајка“.