Основните принципи на нежното родителство ja поттикнуваат односот со детето заснован на поврзаност и комуникација, наместо на правила и очекувања.
Овој пристап ја нагласува емпатијата, почитта, разбирањето и поставувањето граници.
Тоа е во контраст со традиционалното или „старомодното“ родителство, обично означено како авторитарно, кое се потпира на контрола и казнување, објаснува психологот Мери Ен Литл за Psychology Today.
Предности според заговорниците на нежно родителство:
Тоа придонесува за здрав однос родител-дете.
Им помага на децата да ги препознаат и да ги контролираат своите емоции.
Го менува однесувањето без казнување, со дисциплина и доследни граници.
Развива позитивни социјални вештини преку моделирање на емпатија, почит и разбирање.
Гради здрава основа за односите воопшто.
Критики за нежното родителство:
Пристапот се смета за премногу благ.
Недостатокот на родителска контрола го отежнува менувањето на однесувањето.
Потребно е многу време.
Не дава јасни стратегии за специфични однесувања.
Премногу ги нагласува чувствата на родителите, на штета на детето.
Емоционално е захтевен.
Нежното родителство споделува сличности со авторитативното родителство, емоционалното усмерување и позитивното родителство, кои ја нагласуваат поврзаноста, емпатијата и разбирањето на детето.
Родителите кои практикуваат нежно родителство обично имаат високо ниво на самодоверба и задоволство, но честопати се и многу самокритични.
Родителството е сложено и не постои универзално решение. Сепак, безусловната љубов и прилагодувањето кон потребите на детето се клучни за здрава врска и воспитување.