Се прашувате дали сте подготвени за бебе? Поставете си ги овие прашања

Некои уште од мали нозе мислат дека им е судено да имаат деца, но за други тоа не е лесна одлука. Имено, се работи за целосна промена на животот и ново човечко суштество за кое вие ​​сте одговорни 24 часа. Секако, не е лошо да си поставите некои од овие прашања за навистина да ѕирнете во себе и да откриете дали сте подготвени за толку голема животна промена.

Дали сакам деца или дали уживам во друштво на деца?
„Вие сте на ред во продавницата кога ќе забележите прекрасно бебе како брбори во количка, а до него е сестра му која штотуку доживува излив на бес. Каква е вашата моментална реакција? Ако мислите дека можете да се справите со тоа, тогаш можеби е време за бебе“, вели педијатарката д-р Кендис Џонс за Romper.

Но, бидете внимателни, вели таа. Дури и ако вашиот одговор е убедливо „да“, вашите деца понекогаш ќе ве натераат да се преиспитувате, но тоа е сосема нормално.

Дали сакам да имам деца?
Пред да се запрашате дали сте подготвени да имате деца, запрашајте се дали воопшто ги сакате. Ѕирнете длабоко во себе за да откриете дали раѓањето на детето е нешто што навистина го сакате или е она што се очекува од вас.

Дали имам време да му посветам на бебето?
Џонс вели: „Родителството е еднакво на жртвување време, ресурси и енергија“. Не може да се негира дека родителството ќе ве исцрпи повеќе отколку што некогаш сте мислеле дека е можно, но треба да гледате напред и да знаете дека тешките фази се минливи. Одвојте малку време за да размислите внимателно за оваа ставка.

Колку добро се грижите за себе?
Ако мислите дека секојдневјето е целосен предизвик, бебето може дополнително да ви го искомплицира животот. „Ако имате проблем да се грижите за себе, можеби ќе ви биде така и кога ќе се роди бебето“, вели Џонс. „Сконцентрирајте се на тоа да се средите пред да ја донесете таа голема одлука“.

Дали имам или можам да воспоставам систем за поддршка за да ми помогне кога ќе ми треба?
„Иако родителството носи насмевки кои го топат срцето, сеќавања за целиот живот и љубов без граници, тоа носи и вистински предизвици“, изјавил педијатарот д-р Харви Карп за Romper. Многу е полесно ако имате некој на кој можете да се потпрете кога ќе згусне.

Дали сум емотивно подготвена за бебето?
Долги и непроспиени ноќи, врескање и плачење. „Мајчинството може да доведе до виор од емоции и чувство на вртење во круг, а заморот и фрустрацијата едноставно се наталожуваат“, вели д-р Карп. „Сепак, мора да бидете емотивно подготвени да се справите со тоа. Ако се чувствувате доволно силни за да се справите со сите емоции кои доаѓаат со родителството, можеби е време да разговарате со вашиот партнер.

Дали можам да си дозволам да се грижам за дете?
Дури и ако планирате да доите или имате блиска личност која ќе ви пренесе сè што можеби ви треба од вашето постаро дете, сепак имате многу трошоци за грижата за вашето бебе.

Направете табела за да пресметате колку вие и вашиот партнер заработувате, да ги процените трошоците за живот и да видите дали тоа што останува е доволно за да го издржите вашето дете.

Зошто сакам да имам деца?
„Постојат многу причини зошто би можеле да се одлучите за родителство, а некои се градење семејство, обид да се спаси врската со партнерот, да се чувствувате неисполнето и да се обидувате да му дадете смисла на вашиот живот, потреба за приврзаност, желба да создадете нов живот со личност што ја сакате. „Важно е да знаете што ве тера во ова. Ќе ви биде полесно да се соочите со предизвиците ако ги знаете вашите мотиви“, рече д-р Карп.