Зои Саливан често споделува видеа на нејзиниот Тик-Ток кои покажуваат каков е животот на нејзиното четиринаесетчлено семејство. Таа и нејзиниот сопруг Бен имаат 12 деца, а како што сподели во видеото, се надева дека ќе имаат уште.
Едно од видеата вклучува фотографии и годините во кои била бремена. Зои била бремена секоја година помеѓу 2004 и 2009 година, како и од 2011 до 2013 година. По кратка пауза, таа повторно била бремена во 2015, 2016, 2017, 2021 година и последен пат во 2022 година.
Двојката двапати имала близнаци кои биле родени во ист ден, но со разлика од осум години.
Видеото во кое Зои покажа колку пати е бремена стана вирално и досега е прегледано 18,5 милиони пати. Многу корисници на социјалните мрежи биле шокирани затоа што Зои има толку многу деца и решиле да се пошегуваат во коментарите.
„Жената е бремена колку што сум јас жива“, „Плаќањето за факултет ќе биде пекол“, „Ова е еден од начините како никогаш да не пиеш алкохол“, „Кога ќе го видам ова, само мислам колку е гласно во нивната куќа“ се дел од коментарите.
Во друго видео, кое е прегледано речиси два милиони пати, Зои ги претставува своите деца и пишува колку години има секое од нив.