Како што предупредуваат педијатрите, децата на возраст под четири години се изложени на најголем ризик од давење и затоа тие се најзагрозената група. Исто така, детето буквално може да се удави во рок од 20 секунди, што може да се случи во када, во детски базен или во море, езеро, река. Токму затоа е важно родителите никогаш да не го остават своето дете без надзор кога е во близина на вода.
Но, покрај класичното давење, има и таканаречено суво давење, кое исто така е опасно по живот. Според порталот Parents, суво давење се случува кога водата не стигнува ни до белите дробови, но дишењето во водата доведува до тоа гласните жици на детето да се згрчат и да се затворат. Ова, објаснуваат педијатрите, се случува дури подоцна, откако детето веќе ќе излезе од водата.
Но, многу родители се заинтересирани како да препознаат дека детето има суво давење? Иако самиот инцидент во водата често поминува незабележан и симптомите на суво давење се видливи дури подоцна, сепак е можно да се препознаат. Тие обично го вклучуваат следново:
кашлица која не поминува
тешко дишење
болки во градите
повраќање
раздразливост
поспаност.
Педијатрите предупредуваат и дека при појава на некој од наведените симптоми, потребно е веднаш да се побара лекарска помош, особено доколку се појават потешки симптоми како губење на рамнотежата или на свеста.
[…] Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“. […]