Што е „дијамантен тест“? Потребни ви се само пет секунди за да го проверите вашето здравје на многу едноставен начин

Жив човек наидува на сѐ и сешто додека „скролува“ по светските портали, па така и ние налетавме на едноставен тест објавен на страниците на Дејли Меил.

Имено, тие тврдат дека научниците откриле едноставен, брз и докажано добар тест со кој можете да откриете дали кај вас расте малигна клеточна група.

Овој едноставен тест со прст, велат, открива дали имате рак на белите дробови.

Тестот се нарекува „Дијамантен“ или „Шамротов“ (‘diamond test’ or ‘Schamroth window test’).

Имено, кога ќе го допрете првиот дел од показалецот, од врвот на ноктот до зглобот – меѓу нив треба да се појави „дијамантски прозорец“.

Ако не постои таква празнина, тоа може да биде знак дека имате таков облик на прстите, кој се смета за еден од симптомите на рак на белите дробови.

Имено, ваквите прсти се показател за акумулација на течност околу белите дробови, што е показател за рак на белите дробови, а ги пријавиле дури 35 проценти од пациентите.

Меѓутоа, ако не го видите тој дијамантски прозорец, секако, тоа автоматски не значи дека имате рак.

Сепак, можеби не е лоша идеја да проверите како стоите со целијакија, улцерозен колитис и дали можеби имате проблеми со тироидната жлезда…