Родителите често го сакаат само најдоброто за своите деца, но понекогаш нивниот избор може да стане предмет на расправа. Кристина Олива, мајка на три деца, неодамна се нашла на удар на критики поради луксузната играчка за нејзините деца.
Всушност, Олива споделила видео на нејзиниот профил на Тик-Ток во кое нејзината ќерка Симона и нејзиниот брат Ентони ја покажуваат својата куќичка за играње. Двокатната куќа со прекрасен балкон и елегантна бела кујна е изградена по нарачка.
„Моето име е Симона. Ова е мојата куќичка за играње. Дали сакате да влезете?” го започнува видеото малата Симона. Потоа го претставува својот брат, кој ја завршува обиколката низ куќата. Во видеото тој прво покажува дневна соба со мало розова-бела елка, удобно столче и лажен камин. После тоа, тој оди на вториот кат каде што има елегантно мини пијано, огромна плишана жирафа и надворешен телескоп.
Клипот набрзо стана вирален со преку 10,7 милиони прегледи. Многумина во коментарите шпекулираат со цената на куќата, а сумите достигнаа и над 23.000 евра. Повеќето веруваат дека Олива претерала, со што започна и расправа на оваа тема.
„Мразам разгалени деца“, напишала една корисничка, а многумина се сложиле со неа. Сепак, некои се воодушевени од оваа луксузна куќа: „Куќата е преслатка, а исто и децата“.