Модерните општества се склони сето она што не е модерно и супер развиено да го нарекуваат примитивно, а наспроти тоа, токму поради тоа што сме развиени и напредни често сме под толкав притисок од се околу нас, што многумина посакуваат барем накусо да се преобразат во едно севременско племенско семејство. Токму од нив можеме да научиме многу работи, не само за воспитувањето на децата, човечките односи и начинот на живот, туку и многу работи за природната контрацепција и планирањето на семејството.
На порталот Evolution Institut пишуваат за бројни прашања кои ги мачат современите развиени општества, а за кои би можело многу да се научи токму од оние кои ги сметаме за примитивни.
Како пример се земени бројни племенски општества кои и денеска преживуваат во прилично тешки животни услови и во кои главен предуслов за квалитетен живот е доброто планирање и добрата животна стратегија, а сепак преживуваат одгледувајќи повеќе деца отколку што имаат семејствата во западните цивилизации.
Вакви племенски општества денеска има малку и живеат во најизолираните делови од светот каде што секојдневно им се заканува изумирање, но за среќа, постои голем антрополошки материјал во кој има цела низа докази за нивните обичаи. Впрочем, ниту самата Европа не била баш толку во целост „модерна“ затоа што некогаш биле развиени само само градските, поурбани средини, а во руралните делови од скеоја европска земја дури и денеска се негуваат бројни народни (т.н. примитивни) обичаи.
И сето тоа се примери за добро родителство, добро репродуктивно планирање, добра семејна пракса такашто навистина не постои доказ со кој племенските општества би можеле да ги опишеме како општества кои немаат поим како да живеат. Кој вели дека ние знаеме подобро?
Планирање на деца
Денеска знаеме за моногамни полигамни општества кадешто жената има дете со еден партнер, кадешто мажот има деца со многу партнерки, а постојат и друштва скриени во изолираните подрачја на Јужна Америка кадешто луѓето живеат во согласност со своите прастари верувања дека детето не настанува само од еден маж туку од семињата на сите мажи со кои жената имала однос и на тој начин детето ги има најдобрите карактеристики на сите тие мажи.
Во таквите племиња жената биквално се поттикнува на она што во нашето општество би се нарекло промискуитетно однесување за да биде нејзниото дете силно, храбро, вешто, паметно – и затоа секој маж кој учетствувал во сексуалниот чин заеднички учествува во одгледувањето на нејзиното дете, токму како што тоа го прават и семејствата на тие мажи.
Кој им помага на самохраните родители?
Нема ниедна култура на светот која ќе им го сврти грбот на самохраните родители, но додека во модерните општества за таквите родители се грижат закони и правила, назадните, примитивни друштва тој проблем го решаваат поинаку. Во секој случај, поцивилизирано.
За децата често се грижат роднините и додека е некаде пракса за мајката и за бебето да се грижи исклучиво женската страна од семејството, некаде е вообичаено за малите деца да се грижат постарите деца кои во бројните племенски општества се главни старатели на малите деца – браќа, сестри, роднини.
Контрола на раѓањето
Наспроти вообичаеното мислење, речиси и нема племе кое не се разбира во контролата на потомството, а тоа што најчесто имаат многу деца не е одраз на незнаење туку на нивните обичаи.
На пример, во тој поглед интересни се Бушманите од југот на Африка кај кои е воочено дека семејствата имаат многу деца, но разликата помеѓу нив не е помала од 4 години. Како да се објасни ова?
Едно од објаснувањата е нивниот обичај жената да не спие со својот маж додека го дои детето и тоа само од причина да се добие поголема разлика помеѓу децата за да има време да му се посвети на секое од децата додека не станат доволно силни пред доаѓањето на ново бебе.
Во тој поглед добар е и примерот на строгата пракса по која мажот и жената не смеат да имаат односи пред бракот за да се спречат ситуации жената да мора сама да го одгледува детето.
Толку деца колку што семејството може да прехрани
За разлика од племињата во кои семејствата често застануваат на толкав број деца колку што се способни да прехранат во согласност со своите можности, модерните општества повеќе не ги следат овие обичаи затоа што денеска семејствата најчесто застануваат на одреден број деца и покрај тоа што и ним и на другите би можеле да им овозможат многу повеќе отколку што е тоа случај во племињата со бројни потомци.
Затоа периодите на изобилие во секое племенско општество се знак дека жените сега можат да родат уште едно дете. А причините би можеле исто така да се наречат поцивилизирани од модерните, затоа што во племенските општества повеќе деца значат повеќе луѓе кои ќе се грижат едни за други, односно, за родителите и за постарите членови на семејството кои поради старост повеќе не можат да се грижат за себе.