Што не треба да правите ако сакате да го спречите детето да ги удира другите? (ВИДЕО)

Сите сме биле сведоци на ситуации кога дете реагира на постапките на врсниците со агресија. Децата напаѓаат кога не знаат како да ги изразат своите чувства. За среќа, постои ефикасен начин да го спречите вашето дете да ги удира или да ги гризе другите деца.

Експертите за воспитување кои стојат зад страницата на Инстаграм Big Little Feelings објаснија што точно треба да направите кога ќе видите како вашето дете удира друго дете.

„Вашето дете цело време бара внимание. Ако реагирате силно, нема да се сеќава на вашиот гнев, туку на тоа дека неговата постапка ве натерала да му обрнете внимание и ќе го повтори тоа и другпат“, напишале тие.
Потоа споделија план од четири чекори што треба да го користите кога вашето дете насилно се однесува кон некој врсник.

„Останете смирени. Потоа потсетете го детето дека е во ред да се чувствува луто или тажно. Трето, задржете ги границите и кажете му на детето дека удирањето не е во ред. На крајот, почекајте детето да се смири, а потоа научете го како емотивно да се справи со такви ситуации.На пример, помогнете му на детето да земе длабок здив наместо да удри некого“, објаснуваат тие.
Експертите за родителство на крајот ја опишуваат смиреноста како вештина за справување што ќе го натера вашето дете да престане да ги удира другите.

агресијадецасовети