Што се случи со „сексот за една ноќ“? Денешната младина слабо го консумира, а главната причина може да ве изненади!

Додека миленијалците и Генерацијата X често се впуштаа во необврзувачки средби (да не се враќаме подалеку во времето, од хипи движењето до денес), податоците покажуваат дека Генерацијата Z – оваа актуелната генерација – има различни навики, а причините за ова се посложени отколку што изгледаат на прв поглед.

Според американските истражувања, една од теориите за падот на бројот на „авантурите за една ноќ“ е дека генерацијата Z пие значително помалку алкохол од нивните претходници.

Имено, податоците од Националниот институт за злоупотреба на дроги (Вашингтон) евидентираат дека потрошувачката на алкохол кај младите луѓе се намалува од 2000 година, што звучи одлично – но само додека не загребеме под површината. Ова значи дека членовите на генерацијата Z, родени помеѓу 1997 и 2012 година, пораснале во средина каде што алкохолот не е толку доминантен дел од дружењето, што не ги исклучува другите опијати.

Станува јасно дека, од кои било причини, денешните помлади генерации едноставно се помалку заинтересирани за „старомоден“ алкохол и е поверојатно да го сметаат за ризичен за нивното здравје. Ова го изјавил Џорџ Ф. Куб од Националниот институт во Вашингтон.

Со помала консумација на алкохол доаѓа и до промена во начинот на дружење. Имено, алкохолот обично се смета за „социјална дрога“, дури и за младите луѓе, па затоа дел од намалувањето на пиењето кај младите би можело да значи – помалку социјални контакти и повеќе онлајн.

Сепак, се чини дека ниту намаленото пиење ниту помалку средби во живо не се главната причина зошто младите луѓе ги избегнуваат неформалните врски. Вистинската причина е – високата цена на живот. Значи, причината е чисто финансиска, а новите податоци откриваат дека дури 51 процент од младите луѓе на возраст од 18 до 24 години живеат во заеднички сместувачки капацитет, или со цимери или со родители, што значително ги намалува можностите за приватност. Поради зголемувањето на трошоците за живот, младите луѓе се принудени да прават компромиси кои директно влијаат – на нивниот интимен живот.

Истражувањето на Lovehoney покажува дека луѓето кои живеат со своите родители имаат интимни односи во просек 35 пати годишно, што е речиси половина од националниот просек од 68 проценти.

Интересно е што недостатокот на партнерски секс се компензира на други начини – 42 проценти од оние кои живеат дома признаваат дека мастурбираат неколку пати неделно, што е за 14 проценти над просекот.

генерација Зсекс за една ноќ