Што се случува во мозокот на тинејџерот кога родителот го критикува

Родителите кои се склони да критикуваат често не сфаќаат дека му прават многу повеќе штета отколку добро на своето дете. Група невронаучници од Универзитетот во Питсбург, Калифорнија-Беркли и Харвард одлучија да истражат како родителската критика влијае на тинејџерите, особено на нивниот мозок. Во студија во која учествувале 32 тинејџери и 22 тинејџерки, научниците дошле до неверојатно откритие.

Истражувачите се фокусирале на три специфични области во тинејџерскиот мозок – области поврзани со обработката на негативни емоции, области вклучени во регулацијата на емоциите и таканаречени нервни области вклучени во разбирањето на перспективите на другите луѓе.
Тие набљудувале колкава активност се случила во овие области кога тинејџерите ги слушале нивните родители, особено нивните мајки, како ги критикуваат, во споредба со она кога ги слушале нивните мајки како зборуваат за „неважни“ работи како купување на намирници. Тие, исто така, набљудувале дали има некакви промени во мозочната активност по разговорот со родителите.

Резултатите покажале дека кога тинејџерот слуша критика од родителите, неговиот мозок буквално се исклучува на неколку моменти. Имено, кога слушале критики, мозокот на тинејџерите покажувал поголема активност во областите вклучени во негативни емоции, но и значително намалена активност во регионите вклучени во размислување, емоционална контрола и разбирање на перспективата.