Што се случува во телото кога ќе голтнеме мастика?

Постои верување дека ако голтнеме гума за џвакање, таа останува несварена во стомакот до 7 години, но експертите нагласуваат дека тоа не е точно. Како што велат, сè што влегува во стомакот мора да излезе. Сепак, гумата за џвакање може да доведе и до сериозни цревни проблеми.

Кога голтаме гума за џвакање, имаме вештачка супстанца во желудникот што не може да се вари
Бет Червони, регистриран диететичар во Клиниката во Кливленд, истакнува дека ако случајно проголтаме гума за џвакање, тоа нема да ни наштети. Но, ако ова стане редовна навика, би било сериозен проблем.

„Гумата за џвакање порано се правеше од смола од дрво. Меѓутоа, денешната гума за џвакање е направена од супстанца која во голема мера е синтетичка – не е направена од вистински прехранбени состојки, што значи дека не е хранлива и не дава никаква хранлива вредност. Исто така, таквата супстанца не е ни сварлива, што значи дека нашето тело не може да ја разгради како другата храна. Гумата за џвакање не може да се вари, па останува во цревата и не се распаѓа“, објаснува Червони.

Сè што влегува во стомакот, исто така, мора да излезе
Со оглед на тоа дека гумата за џвакање не е сварлива супстанца, има луѓе кои мислат дека таа останува во организмот со години.

„Ако сте ја проголтале гумата за џвакање, таа ќе го напушти телото по 40 часа, преку столицата. Иако звучи алармантно, всушност не е толку невообичаено луѓето да голтаат работи што телото не може да ги свари. Семки од сирова пиперка, грозје, портокали… се само некои од вообичаените намирници кои обично поминуваат низ дигестивниот систем релативно недопрени“, истакнува диететичарот Бет Червони и потсетува дека сè што влегува во стомакот мора да излезе и кога станува збор за возрасните и за децата.

Кога голтаме гума за џвакање, односно, повеќе од нив – тоа може да предизвика руптура на гастроинтестиналниот тракт
Меѓутоа, ако некој голта гума за џвакање секој ден, или неколку пати на ден во текот на една недела, или неколку од нив споени во една гума за џвакање, тоа може да го загрози дигестивниот систем.

„Ако голтате мастики една недела, тоа може да предизвика блокада на цревата. Сè што ќе јадете после тоа нема да може да помине низ цревата, што предизвикува акумулација во цревата и доведува до болка и притисок во абдоменот“, објаснува Червони, споредувајќи го ова со затнатата цевка во кујната.

„Ако нешто се заглави во цевката, целиот систем е блокиран. Поради затнувањето, ништо друго не може да помине низ цевките, што предизвикува зголемен притисок во нив. И ако блокадата не се отстрани, цевките на крајот може да пукнат. Блокадата нема да се расчисти сама по себе. Ако не се лекува, може да предизвика руптура на гастроинтестиналниот тракт“, предупредува Червони.

Кога треба да побараме итна помош ако голтнеме гума за џвакање?

Неопходно е веднаш да се побара лекарска помош ако некое лице проголтало повеќе мастики, поради што почнало да чувствува знаци на блокада на цревата, како што се:

Болки во стомакот
Запек
Чувство на екстремна ситост/надуеност или оток
Тешки грчеви

Повраќање.

гума за џвакањемастикапроблеми со цревата