Што треба да ги научите децата до нивната четврта година?

Српскиот клинички психолог Влајко Пановиќ во интервју за порталот Зелена училница открива дека крајната цел на одгледувањето е да се обучи детето да живее самостојно, без родителска помош. И ова ќе го постигнете ако успешно ги совладате овие 6 задачи:

Храна
Родителите, бабите и дедовците често поставуваат „ако – тогаш“ услови за детето. „Ако јадеш, ќе го добиеш ова“. Тоа е голема грешка. Детето брзо учи, па за една недела ќе доживеете „ќе – ако“. „Ќе јадам ако ми дадеш, ќе јадам ако ми дозволиш“. Уште една работа – никогаш, ама никогаш не прашувајте ги децата што сакаат да јадат. Децата се принудуваат да јадат со разни ритуали – им пуштаме цртани, им покажуваме авион, само да ги натераме да отворат уста и да јадат. Спонтаноста е она што им недостига на многу луѓе. Современиот човек не е спонтан, тој е програмиран. Брзаме, несигурни сме, тежнееме кон автентичност, особено младите родители со своето прво дете. Кога ќе се појави првата температура, родителите тоа го доживуваат како трагедија.

Авторитет
Тој не ја задушува слободата на децата, здравиот авторитет им помага на децата да дишат. Но, авторитетот не се добива со раѓањето, туку се стекнува со сопствен пример. Ако им понудиме на децата да изберат што ќе јадат, влегуваме во зона на конфликти од која не можеме да излеземе. Ако ги прашате децата што сакаат да јадат, тие најчесто ќе бараат тоа што не можете да им го дадете.

Став кон спиењето
Во текот на денот се трошиме, ноќе се обновуваме, усогласени сме со овој ритам. Цивилизацијата, од друга страна, наметна систем во кој луѓето остануваат будни до доцна во ноќта. А не ни знаеме зошто. Тие станаа жртви на информациите. Така и децата остануваат будни до доцна во ноќта, и тоа без добра причина. Децата треба да бидат во кревет до 9 часот. Хормоните за раст се обновуваат до 10. Родителите ми велат: „Не можам да го натерам да легне“. Внимавајте на изразот: да се натера. Овде веќе знаеме дека родителот е паднат што се однесува до авторитетот. Децата се воспитуваат со добрина, трпение и личен пример. Лицемерно е кога таткото ќе му каже на синот во пубертет: „Не пиј алкохол“, а потоа ѕвони некој на вратата, доаѓа кумот, па ракија, па пијачка. И тогаш кутрото дете гледа како таткото зборува едно, а го прави другото. Децата ќе не имитираат нас, а не нашата приказна.

Усогласеност
Замислете дете кое е во пубертет и татко му го спречува да излезе, а мајка му вели „пушти го, кога, ако не сега…“. Усогласеноста е многу важна. Ако секој родител испрати различна порака до детето, детето ќе биде повеќе наклонето кон попустливиот родител. Но, истиот тој снисходлив родител често ќе биде отфрлен од детето подоцна во животот.

Споредување
Замислете како се чувствува вашето дете кога за некој друг велите: „види колку е паметен, добар, послушен…“. Во семејство со две деца, родителите обично тврдат дека се сосема различни. Никогаш не ги споредувајте. Секое суштество е единствено. Некогаш во семејството имало пет или шест деца и нивните преференции им го одредувале патот. И денес имаме едно-две, па ги трупаме со огромни обврски.
На ист начин, кога помладото дете зема работи, книги на постарото, родителите обично му велат на постарото: „пушти го, мало е, ништо не знае, ти си првенец на тато, ти си паметен“. Каква порака праќате? Дека го претпочитате малиот!
Едно 9-годишно девојче на едно предавање ми рече: „Не сакам повеќе да бидам паметна, уморна сум да бидам секогаш паметна“. Преведено на денешен јазик – паметните се повлекоа, а овие другите водат коло. Значи, ако испратиме таква порака, помалото дете разбира дека му е дозволено многу. На игралиштето ќе го бара и она што не му припаѓа.
Затоа, најдобро е да го кажете следново – „не смееш да ја земаш играчката на постариот брат/сестра, ако не ти дозволи“. Ова го постигнуваме ако кажеме „те молам, благодарам, извини“. Значи, знам дека не ми припаѓа мене, но те молам дај ми го. Свесен сум дека ми направи услуга и ќе ти бидам благодарен. Ако помалиот ги граба играчките, а вие тоа го одобрувате, поттикнувате агресија, па постарото дете ќе го удри помалото кога ќе има прилика.

Однос кон спортот
Имам работено многу со деца чии родители ги тераат да спортуваат и често ми е жал за тие деца поради сиот притисок што го трпат од родителите. Спортот треба да донесе радост. Кај нас спортот е агресија. Ако само ги слушате преносите: „Ѓоковиќ го згази Надал“. „Ги згазивме противниците“. Што учи детето за спортот кога слуша вакви коментари?
Денес имате обложувалници и казина на секој агол. Имате родители кои се задолжуваат за да ги вратат долговите на нивните деца. Мораме да го промениме нашиот пристап кон децата додека она што го сакаме не им стане прифатливо. Кој не е запознаен со таа замка: „Морам ли да ти кажам 1000 пати да го правиш тоа и тоа?“. И ниеден родител не се чуди зошто морал да каже нешто 1000 пати. Па беснее и вика. Луѓето треба да разговараат. Според едно истражување, брачните парови разговараат од 3 до 5 минути. Децата се воспитуваат со мирен тон, прегратки, контакт со очите и насмевка. А ние најчесто им зборуваме одозгора. Затоа ве советувам да седнете кога ќе видите дека некој го кренал гласот, бидејќи стоењето е борбен став. Не можеме да се слушнеме. Децата, кога ќе им кажам да ги нацртаат родителите, ми кажуваат сѐ. Тие се најдобри оценувачи на родителите. Доволно ми е да разменам неколку реченици со децата, знам сѐ за родителите. И што правиме? Сурово се лишуваме од разговори, семејни оброци, заедничко излегување. Немаме приоритети, децата ги немаат и тешко се организира времето, а тоа е една од најболните теми, која се претвора во проблем со мотивацијата. Треба да го вратиме достоинството на семејството како заедница во која улогите се правилно распределени. Денес имаме два вида улоги во семејството – едната е магаре, другата е паразит. Децата треба да ги подготвиш за живот, да ги научиш да пржат јајца, да го средат креветот, а не да кажеш: „пушти го уште малку, нека спие, кога веќе ние сме се мачеле, не мора и тие. А после ќе им кажеме: „Кој ќе се омажи за тебе, ни јајце не знаеш да свариш“.