Родителите многу често се чувствуваат изолирано или се плашат од критики доколку јавно изразат загриженост за можноста за насилство или агресија кај нивното дете, велат експертите. Сепак, секој родител треба да реагира на секој необичен симптом за да ги спречи потенцијалните последици, но и да му помогне на детето полесно да се справи со негативните и лошите чувства.
За повеќето родители, најголемиот проблем е како да препознаат дали нивното дете е навистина насилно или едноставно се чувствува лошо. Според USA Today, најчестите предупредувачки знаци кои може да укажуваат на потенцијално насилно однесување кај детето вклучуваат:
екстремен бес за кој често нема објаснување
ненадејно губење на трпението
екстремна раздразливост и импулсивност
голема фрустрација
Исто така, детето кое е склоно кон насилничко однесување во некои случаи покажува симптоми како што се избегнување на друштво, одење на училиште или незаинтересираност за оние активности и хобија кои некогаш го интересирале.
Покрај споменатите предупредувачки знаци, експертите советуваат родителите веднаш да побараат помош доколку забележат некои од следниве симптоми кај своето дете:
интерес или вистински чин на убивање/мачење животни
зголемена преокупација со огнено оружје
објави на социјалните мрежи со детали за намера да се изврши убиство
фасцинација или восхит од претходни училишни престрелки или напади