Амела Мемиш Апостоловска, авторка на книгата ,,Гласот од тишината” и основачка на истоименото здружение за личен развој, едукација и психолошка помош и поддршка, заедно со Здружението на граѓани „Куќа на среќата“ повторно ја активираат инклузивната лента Сончогледи кон сонцето
за видлива и невидлива попреченост на лица со потешкотии во развојот.
Тие повторно ја активираат инклузивноста и поттикнуваат на кревање на свесноста за лицата со попречености преку инклузивната лента која ќе ја носат лицата со потешкотии во развојот.
„Ако видите мајка како го носи овој симбол во супермаркет и држи дете за рака, тоа може да значи дека детето има невидлива попреченост. Чекањето во ред, може да биде невозможно да го
разбере едно дете со аутизам, па можете да им го отстапите редот на овие лица.
Ако видите дека некој носи видлива инклузивна лента, значи дека таа личност или лицето кое го придружува може да има скриена попреченост, физичка или психичка.
Можеби ќе им оставите малку повеќе простор, можеби ќе им пружите повеќе разбирање.
Сите заедно можеме да успееме и да направиме промена која ќе биде подобра за сите.
Од голема важност за децата со попреченост е раното откривање на проблемот кој го поседува детето. Раното соочување со тој предизвик ќе им придонесе на родителите и самото дете да се насочат кон решавање на сите проблеми што се врзани за индивидуалните активности, како и интеракцијата со врсниците. Раната поддршка на децата со попречености е етичка и законска обврска не само на родителите и задолжените професионалци туку и на целото општество. Во раната поддршка влегува и рехабилитацијата. Таа подразбира на децата со попречености кои ќе ја носат инклузивната лента со симболот Сончоглед да им се обезбедат претпоставки, со кои тие ќе го постигнат оптимумот или максимумот на развој на своите потенцијали, без разлика на тоа колку тие потенцијали се скромни или изразени. Принципот на рана интервенција и едукација ќе биде
задоволена кога ќе му се овозможи на лицето здрава интеракција со врсниците, со тоа што ќе се обрне посебно внимание на оние лица кои носат инклузивна лента во активности во кои детето покажува најголеми способности.
Ова е нашата сончогледова лента, лента која испраќа инклузивна порака, порака за разбирање, прифаќање и сакање. Оваа лента е за сите лица кои имаат потреба од истата, а се со видлива или невидлива попреченост.
Доколку забележите лице кое ја носи оваа лента околу вратот, разберете дека ви испраќа порака, прифатете го неговото однесување и потреба, сакајте, не осудувајте“, порачуваат иницијаторите на повторното активирање на инклузивната лента.
Тие најавуваат и натамошни активности кои ќе вклучуваат едукација на населението за препознавање на инклузивната лента на различностите, како и едукација за можностите за покренување иницијативи на граѓани, преку организација на дебати, работилници,
јавни трибини. Исто така и организирање на индивидуални и групни тренинзи и обуки, создавање различни можности за креативно изразување на децата со попреченот. Осознавање и утврдување на влијанието на прекумерното користење на современите технологии, врз растот и развојот на децата, особено на нивните когнитивни способности.
Подготовка и реализација на кампањи, јавни и забавни настани и предавања за јакнење на јавната свест по однос на ова прашање, едуцирање и помош на наставници и стручни лица чија дејност е
образование на деца, а заради нивно упатување и поучување за начинот и пристапот кај децата со потешкотии во развојот, едукација на друштва, бизнис секторот и граѓаните од сферата на
прифаќање на различностите, инклузијата и еднаквоста, како и обуки за наставници, лекари и родители на деца со посебни потреби.
„На сите нас останува ако забележиме лице кое ја носи оваа лента да го разбереме, прифатиме и сакаме. Прифатете ги различностите не ги осудувајте, разберете ги нивните потреби, дајте им предност, сакајте ги зошто љубовта нема граници, нема различности“, порачуваат тие.