Сите родители на анксиозни деца ги прават овие четири работи

Многу претходни студии на оваа тема покажаа дека вкупниот број на деца кои секојдневно се соочуваат со анксиозност постојано се зголемува со децении, а моментално над 25 проценти од тинејџерите страдаат од дијагностицирани анксиозни нарушувања.

Како што објави The Washington Post, однесувањето на родителите може многу да влијае на развојот на анксиозност кај детето, честопати целосно несвесно. Психолозите нагласуваат дека постојат одредени работи кои ги прават речиси сите родители на деца со овој проблем. Еве кои се тие.

Една од работите што ја прават родителите на анксиозните деца е прекумерната заштита. Иако е сосема разбирливо и препорачливо родителите да се грижат за своите деца и за работите што им се случуваат, нивното заштита од сите потенцијални опасности може да доведе до несакани последици. Психолозите тврдат дека ова само ги влошува работите и предизвикува одредена доза на вознемиреност кај децата бидејќи тие не знаат како да се справат со проблемите.

Друга работа што голем број родители ја прават несвесно, што го поттикнува развојот на анксиозноста кај децата, е постојано да ги решаваат проблемите наместо децата. Без разлика дали се работи за пишување домашна задача, чистење на детската соба или решавање на расправиите со пријателите, ако родителите прават сѐ за децата, тоа може да доведе до развој на анксиозност.
Родителите на анксиозните деца, исто така, се склони кон постојано приговарање. Иако е сосема нормално дека нема секогаш да се согласуваат со мислењето на децата или нивните одлуки, прекумерното приговарање доведува до губење на самодовербата и развој на анксиозност кај детето.

Ако е родителот клон кон приговарање, тоа може сериозно да му наштети на неговиот однос со децата, бидејќи тие ќе добијат впечаток дека никогаш не можат целосно да ѝ веруваат на мама или на тато и да им ги изразат своите проблеми.

И последното, но подеднакво штетно нешто што го прават родителите на анксиозните деца е да ги споредуваат со другите. Без разлика дали ги споредуваат со браќа или сестри, пријатели или соученици, секое споредување со другите деца доведува до губење на самодовербата, вербата во себе, но со самото тоа и до анксиозност кај нашите малечки.