Со исхрана во борба против развојот на кардиоваскуларни болести кај жените во менопауза

Сурутката и павлаката припаѓаат на млечни производи кои можат да бидат корисни за жените во менопауза не само за зајакнување на коските, туку и за намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Липиди и нивната улога во регулирањето на нивото на холестерол: Сурутка, павлака и истражување на луѓе

Млечните производи содржат широк спектар на липиди, вклучувајќи триглицериди и поларни липиди, при што поларните липиди се специфични липиди кои природно ги стабилизираат мастите во телото. Тие се наоѓаат, меѓу другите намирници, во павлаката и сурутката.

Поларните липиди играат една од клучните физиолошки улоги бидејќи тие се основните компоненти на клеточните мембрани.

Прелиминарните експерименти врз глодари открија корисни ефекти на поларните липиди од млекото врз метаболизмот на црниот дроб и регулирањето на нивото на холестерол во крвта. Сепак, до новото истражување, овие ефекти не беа докажани кај луѓе со висок кардиоваскуларен ризик, така што потенцијалот на сурутката и павлаката не беше испитан.

Што ја прави оваа студија значајна: Што нудат сурутката и павлаката?

Заедничката соработка на INRA, INSERM, the Universities of Lyon and Clermont Auvergne, Lyon Civil Hospitals и the Human Nutrition Research Centres (CRNH) of Rhône-Alpes and Auvergne, покажа дека потрошувачката на одредени липиди природно присутни во млечните производи (познати како „поларни липиди“) може да го намалат кардиоваскуларниот ризик кај дебели жени во постменопауза со намалување на нивото на ЛДЛ-холестеролот („лошиот“ холестерол) и триглицеридите во крвта.

За да дојдат до овој заклучок, научниците вклучиле павлака збогатена со поларни липиди од млечна сурутка во секојдневната исхрана на 58 испитанички во текот на еден месец.

Тие успешно откриле одредени механизми во цревата кои би можеле да ги објаснат забележаните ефекти. Така, овие природни состојки би можеле да станат дел од новата нутритивна стратегија насочена кон намалување на кардиоваскуларниот ризик кај ранливите групи, вклучително и жените во менопауза. Студијата е објавена во списанието Gut.

Павлака, сурутка, липиди и процесот во тенкото црево

Истражувачките тимови се обидоа да го анализираат влијанието на поларните липиди од млечните производи врз кардиоваскуларниот ризик кај дебели жени во менопауза и постменопауза, популација која е особено подложна на овој ризик.

По еден месец конзумирање на специјално дизајниран концентрат од сурутка збогатен со поларни липиди од млеко (нуспроизвод од производството на путер), тимот забележал значително намалување на нивото на ЛДЛ холестеролот, триглицеридите и другите важни маркери за кардиометаболички ризик.

Овие млечни поларни липиди на тој начин го подобриле кардиоваскуларниот здравствен профил на испитаничките.

Научниците потоа се обиделе да го откријат механизмот зад овој ефект. Комплементарни студии сугерираат дека одредени поларни липиди од млекото и холестеролот (и диететскиот и тој од ендогено потекло) можат да формираат комплекс во тенкото црево што не може да се апсорбира и на крајот се излачува со столицата.

Овие резултати би можеле да постават основа за нови нутриционистички стратегии за намалување на кардиоваскуларните фактори на ризик кај одредени ранливи популации.

Покрај тоа, тие би можеле да придонесат за диверзификација на состојките што ги користи прехранбената индустрија. Имено, функционалните својства на поларните липиди од млекото во однос на текстурата, заедно со нивните потенцијално заштитни ефекти врз здравјето, би можеле да бидат ветувачка алтернатива на соја лецитинот, кој моментално се користи во голем број прехранбени производи.

Дополнително, можеби ова е можност за уште подобро искористување на сурутката.

кардиоваскуларни болестименопаузапавлакссурутка