Со само една реченица можете да ја смирите детската хистерија!

На интернет со денови кружи реченица, всушност совет кој е толку едноставен што со задоволство можете да го испробате во првата прилика.
Кога детето почнува да хистеризира поради некоја причина – поради болка, разочарување, гнев или беспомошност, најлошото нешто што можете да го направите е да му викате или, уште полошо, да го казните. Наместо тоа, велат психолозите, само прашајте го:
Дали проблемот е мал, среден или голем?
Само толку!
Психолозите тврдат дека оваа едноставна формулација е доволна од три многу важни причини:

  1. Штом го поставите тоа прашање, му давате на детето до знаење дека штотуку сте ја прифатиле веста за неговиот проблем и веднаш сте покажале сочувство.
  2. Веднаш потоа детето ќе застане, ќе размисли и само ќе процени колку навистина е голем неговиот проблем.
  3. Веднаш штом го поставивте, всушност суптилно го поттикнавте детето само да си го реши проблемот.
    Кога вашето дете ќе ви каже колку е голем неговиот проблем, тогаш можете да знаете како брзо да го решите.
    Звучи толку едноставно, лесно и логично. Направете проблемот да исчезне толку брзо како што се појавил.

советтантрумхистерија