Познато е дека најмногу деца се раѓаат во август и септември, односно најмногу жени забременуваат за време на божиќните и новогодишните празници. Истражувањата покажуваат дека причината за тоа не е повеќе секс. Доказите сугерираат дека тоа се случува затоа што спермата преферира пониски температури.
Студијата објавена во списанието Obstetrics & Gynecology покажала дека квалитетот на спермата се подобрува во зима во споредба со летото. Истражувачите откриле дека мажите имаат најздрава сперма во зима и рана пролет и дека тогаш произведуваат 70 милиони сперматозоиди на милилитар сперма, во споредба со 68 милиони на крајот од пролетта.
Исто така, сперматозоидите произведени во зима биле побрзи од нивните пролетни колеги. Поради ова, поверојатно е дека спермата ќе стигне до јајце клетката на жената, што ги зголемува шансите за зачнување, пишува Дејли Меил.
Корејско истражување од 2021 година спроведено помеѓу полициски службеници во нивните 40-ти и 50-ти години покажало дека во есен и во почетокот на зимата, мажите имале највисоко ниво на тестостерон, додека најниските нивоа биле во јануари и во мај. Тимот открил дека нивото на тестостерон е под влијание на температурата и количината на дневна светлина.
Тестостеронот е машки полов хормон кој првенствено се произведува во тестисите. Меѓутоа, рецепторите за тестостерон се раширени низ целото тело. Тоа помага во одржување на густината на коските, распределбата на маснотиите, мускулната маса, влакната на лицето и телото, сексуалниот нагон и производството на сперма, според Клиниката Мајо. Исто така, доведува до подобри шанси за зачнување.
[…] Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“. […]