Спиј додека спие и бебето?! Совети за родителството што на родителите им одат на нерви

Родителството во 2022 година не е лесен подвиг. Како да не беа доволни вообичаените училишни проблеми или социјалните мрежи, родителите сега се движат низ глобалната пандемија и сè уште се обидуваат да подигнат и да воспитаат добри членови на општеството.

Но, што е тоа во модерното родителство што е најтешко?

Стотици луѓе на „Редит“ ги открија нивните ставови за најлошите работи во родителството во 2022 година. Едно лице вели дека ерата на инфлуенсерите е далеку најтешката работа во современото родителство.

„Искрено, сето тоа ми пречи. Инфлуенсерите на социјалните мрежи и авторите на книги за родителство пристапуваат како да го имаат одговорот, а ако не се придржувате до нивната филозофија, тогаш според нив, му го уништувате животот на вашето дете. Се работи за продажба – мора да продадат книги, да добијат повеќе лајкови и споделувања, да ги чуваат спонзорираните објави“, вели една мајка.

Друга мајка има слично размислување, велејќи дека ѝ е доста од совети од луѓе кои не ја знаат нивната животна ситуација.

„Ако слушнам уште еднаш за ‘ротација на играчките’ од некој што живее во модерна куќа со тони плакари…“

Друга вели дека преправањето дека не е човек за неа е најголем проблем.

„Да не реагираш кога детето ќе те касне, удри или на друг начин ќе те повреди, за мене е бизарно. Прво, човек сум. Ме боли и ќе викам од болка. Изразувањето болка не е исто што и викањето или срамот на детето што те повредило. Не гледам зошто би требало да се преправате дека не ве боли, а игнорирањето апсолутно не прави да престане“, вели друга мајка.

Трета мајка вели дека ја нервираат нереалните совети за грижата за себе кога имате новороденче.

„Велат: „Спиј кога бебето спие“. Кој човек може да заспие за 20 секунди и да дремне 30 минути на секои 2 часа? Не постои таков. Само бебињата. Затоа престанете“, вели таа.

„Да, и ова функционира само кога имате едно дете. Кога имате повеќе деца, овој совет е смешен“, вели друга мајка.

Друг интернет-корисник вели дека му се смешни „сентименталните замки“ што велат да ги игнорирате домашните обврски за да си играте со децата.

„Тие сентиментални замки што велат да играте и да уживате со децата додека се мали и да не се грижите што садовите не се измиени. Но, знаете што? Садовите и алиштата треба да бидат средени ако децата сакаат да имаат оброк на маса“, вели таа.

инфлуенсериродителствосовети