Станала мајка на 19 години, а на 31 има 8 деца: Луѓето постојано ме осудуваат, но не ми е грижа (ВИДЕО)

Триесетиедногодишната Хедер Мекферсон има осум деца и поради тоа, објаснува таа, често наидува на многу предрасуди од луѓе кои не ја знаат целата приказна. Имено, Хедер и нејзиниот партнер Џастин се запознале кога веќе биле родители, пренесува британски The Sun.

Оваа млада мајка веќе имала три ќерки од претходната врска, додека Џастин исто така бил татко на три деца. Нивната врска за кратко време станала сериозна и тие добиле уште две деца – девојче и момче.

„Повеќето луѓе не ја знаат целата наша приказна, особено луѓето на социјалните мрежи, па постојано ме осудуваат поради големиот број деца. Тврдат дека земјата е веќе доволно пренаселена и без мене. Но, всушност вистинската вистина е сосема поинаква“, вели младата мајка која планира да има уште деца.