Татко на четири деца, организира кампови во природа за татковци со деца

Во време кога највредниот ресурс е времето, многу родители би се откажале од многу само за да поминат повеќе време со своите деца. Мирко Митровиќ, татко на четири деца и организатор на камповите „Прв пат со тато“, истакнува дека формата на семејството е променета, дека се има се помалку време за тоа, поради што сите чувствуваме страдање и фрустрација. Вели дека нему му бил потребен камп, безбедно место, надвор од удобноста на цивилизацијата, за да се поврзе емотивно со децата, да биде подобар како родител. Тој нагласува дека активностите се такви што на децата во кампот не им текнува да ги земат мобилните телефони.

Митровиќ истакнува дека не може да замисли ден без семејството, бидејќи тоа е првата заедница од сите останати што ќе ги имаме подоцна во животот.

Време за поврзување со децата

„Семејството е тука за да не изгради, да не направи тоа што сме и на крајот семејството е тоа што нè пречекува на ова животно патување и не испраќа на крајот. Секогаш кога животот е тежок, нема да се свртиме прво кон колега туку кон член на семејството. Денес често го забораваме тоа, малку сме лути на родителите, на децата, но тоа се покажува кога ви е тешко“, истакнува Митровиќ.

Тој имал идеја за камп кадешто децата ќе можат да бидат на безбедно, да поминуваат време со таткото, да се поврзат без мобилни телефони и лаптопи.

„Прво им кажав на пријателите за мојата идеја, тие се приклучија, а потоа пријателите викана пријатели и така се рашири“, вели Митровиќ.

Имаат неколку кампови, на планината Маљен, нов камп во Друзетиќ, потоа во Источна Србија, на Стара планина, Тара, Копаоник.

Што прават родителите и децата во кампот

Тој објаснува дека со кампувањето се преселуваат во сосема поинаков свет, во планина каде што треба да ги споделат своите улоги за да функционираат. Така, во тие ситуации има три до четири тима, а децата ги гледаат татковците и мајките кои ги извршуваат овие активности.

„Како функционираат, како се согласуваат, како се справуваат кога е тешко, кога ветерот нешто ќе однесе, ќе турне. Децата имаат можност да ги видат нивните родители како се активни, споделуваат содржини, а тоа е она што ни недостасува во секојдневниот живот. Татковците сите битки ги бијат и ги губат на работа, детето не може да го види тоа, да се идентификува со победите или неуспесите на таткото. На децата им требаат тие информации, го гледаат татко им кога доаѓа навечер и седнува пред телевизор, а тоа не им е пример“, истакнува Митровиќ.

Во кампот доаѓаат татковци со деца од различна возраст. Опсегот на активности е таков што децата не ни помислуваат да земат мобилен телефон.

Имаат и разни едукации за тоа колку е лошо да се трошат неколку часа дневно на телефон.

„На крајот на денот, ако тоа не успее, и онака нема сигнал на местата каде што одиме“, вели Митровиќ.