Паметните телефони го освоија човештвото во последните години и станаа составен дел од животот на луѓето, вклучително и на децата.
Научниците и лекарите дојдоа до поразително сознание дека паметните телефони, освен што драстично го менуваат светот и општеството, имаат разорно влијание и врз децата на начин на кој никој не очекуваше.
Тие тврдат дека кога ќе им дадете паметен телефон на вашите деца, тоа е како да им давате грам кокаин. Тврдат дека тоа создава иста зависност како онаа од дрога или алкохол. Иако дава можност да бидете хипер-поврзани, давањето паметен телефон на децата може да произведе многу штетни ефекти, пишува stopautismvirtual.ro.
Во 2017 година, експертката за зависности Менди Салигари сугерираше дека да му дадете паметен телефон на детето е како „да му дадете грам кокаин“.
Снепчет и Инстаграм се како дрога и алкохол
Таа објасни дека Снепчет и Инстаграм можат да бидат подеднакво опасни во создавањето зависност кај тинејџерите како и дрогата и алкохолот. Како резултат на тоа, имаме тинејџери кои треба да се лекуваат.
Салигари вели дека времето пред екранот често се занемарува како потенцијално средство за предизвикување зависност кај младите луѓе и дека треба да се преземе итна акција против оваа зависност.
„Секогаш им велам на луѓето, кога на детето му давате таблет или телефон, всушност му давате шише вино или грам кокаин“, рече таа, додавајќи: „Зошто посветуваме толку помалку внимание на овие работи отколку на дрогата и алкохолот кога тие делуваат на истите мозочни импулси?
Таа нагласува дека родителите повеќе не можат да ги контролираат своите деца кога станува збор за користење на мобилниот телефон. Истражувањата покажуваат дека 4 од 10 родители не успеваат да ги спречат своите деца да користат паметни телефони. И се чини дека работите се влошуваат, бидејќи дури и помалите деца, до шест години, се исклучително добри во ракувањето со таблет или телефон.
„Паметна анестезија“ како лек за зависниците од технологија
Салигари тврди дека најдобриот начин за спречување и борба против зависноста е да се воведат строги правила и дома и на училиште. Оваа програма се нарекува „паметна анестезија“ и бара користење на телефонот само кога е потребно.
Сигурно е дека децата и тинејџерите на почетокот ќе се побунат и ќе поминат низ криза слична на онаа на секој зависник, но родителите треба да останат доследни и многу цврсти и да не попуштаат и покрај детскиот плач и молење. Само така можете да го спасите детството на вашиот син или ќерка!
Салигари, која води клиника во Лондон, вели дека околу две третини од нејзините пациенти се на возраст меѓу 16 и 20 години и бараат третман за зависност. Таа забележала „драматичен пораст“ пред десет години кога многу од нејзините пациенти биле уште помлади.