Интернетот беше разбрануван во текот на изминатите неколку месеци бидејќи најстарите ќерки колективно сфатија дека имаат многу заеднички работи. Така, семејната терапевтка Кети Мортон се надоврзала на темата и открила осум знаци кои укажуваат на „синдром на најстарата ќерка“ во неодамнешното вирално видео на Тик-Ток.
Според Мортон, осумте знаци кои укажуваат на „синдром на најстарата ќерка“ се следниве:
Имате интензивно чувство на одговорност.
Многу сте мотивирани.
Многу се грижите и веројатно е дека имате анксиозност.
Се борите со претерано задоволување на луѓето.
Тешко ви е да поставите и да одржувате граници.
Им замерувате на своите браќа и сестри и на семејството.
Се борите со чувството на вина.
Тешко ви е да одржувате односи во зрелоста.
Сепак, терапевтката предупредила дека „синдромот на најстарата ќерка“ не е официјална дијагноза за ментално здравје. Наместо тоа, Мортон заклучува дека е тоа „единствен притисок и одговорности што се ставаат врз најстарата ќерка во семејството“.