Средношколецот Бенџамин Чои, решил да направи протетска рака што може да се управува со мозочните бранови, откако гледал 60-минутно телевизиско шоу за протетска рака контролирана од умот. За да функционира раката, неопходно е да се вгради сензор во моторниот кортекс на една личност. Чои изјавил за списанието Smithsonian: „Бев навистина, навистина импресиониран од идејата во тоа време бидејќи таа технологијата делуваше многу импресивно. Но, исто така бев вознемирен што е потребна таква ризична операција на отворен мозок. И многу е тешко да се дојде до тоа, чини илјадници долари“.
Целта на овој тинејџер била роботскиот екстремитет да го направи достапен
Тој, исто така, сакал да ја елиминира потребата од операција која вклучува копање низ нечиј мозок за да се направи протезата да функционира правилно. Користењето на 3Д печатачот на неговата сестра за неговиот прв прототип барало напор при склопувањето на деловите бидејќи печатачот можел да направи парчиња долги само 12 инчи.
На Чои му требале 30 часа само да ги направи печатачот деловите од неговата рака пред да ги употреби гумените ленти и завртките за да ги поврзе. Протетиката работела со помош на движења на главата и користејќи податоци од мозочните бранови.
Протетската рака не била неговиот прв обид за кодирање
Уште од основното училиште Чои учествувал на натпревари по роботика каде што правел роботи и ги кодирал да работат и да се движат како што сака. Неколку пати одел на светското првенство во роботика VEX, а во 9-то одделение ги научил компјутерските програмски јазици C ++ и Python гледајќи видеа на Stack Overflow.
Чои тврди дека раката сè уште не е целосно усовршена, но се надева дека ќе ги задржи трошоците за производство на околу 300 долари, додека цената на моментално достапната протетска рака е околу 7.000 долари.
Чои работи со волонтери за собирање податоци и подобрување на функционалноста на неговиот изум. Иако неговата протетска рака сè уште не е завршена, тоа не го спречува да освои награди на Microsoft Imagine Cup, Меѓународниот саем за наука и инженерство Regeneron и на натпреварот National At-Home STEM.
Чои планира да оди на колеџ и да стане инженер, но и да продолжи да работи на својата протетска рака и еден ден конечно да ја доведе до фаза на клинички испитувања. Ако успее, може да ги промени животите на околу 2 милиони луѓе во САД кои живеат без еден екстремитет.