Родителите често несвесно им кажуваат на своите деца работи кои се потенцијално многу штетни за нив, објаснуваат психолозите. Како што пренесува HuffPost, неколку експерти поради тоа решиле да споделат одредени штетни фрази и реченици кои секој родител треба да се обиде да ги отстрани од својот речник бидејќи на детето му нанесуваат повеќе штета отколку добро.
„Не е тоа ништо страшно“
Децата често плачат или имаат тантруми поради работи кои често им се чинат неважни на нивните родители, но минимизирањето на нивните чувства е многу штетно. Многу родители тогаш често знаат да му кажат на детето дека она што го прави да се чувствува лошо не е толку страшно, но ваквите коментари само му покажуваат на детето дека неговите чувства не се важни за родителот. Како што објаснуваат психолозите, оваа фраза им испраќа порака на децата дека нивните емоции не се важни и дека е глупаво да се биде исплашен, тажен или разочаран.
„Тажен/тажна сум кога го правиш тоа“
Родителите никогаш не треба да ги обвинуваат своите деца за сопствените чувства, а ваквата фраза всушност се смета за еден вид емоционална уцена. Психолозите објаснуваат дека со изговарање на оваа реченица, родителите прават преседан, потенцијално давајќи му до знаење на своето дете дека има моќ да влијае на нивното расположение и тоа во лош контекст.
„Би требало да го знаеш тоа подобро“
Психолозите сметаат дека оваа фраза е исклучително штетна за детето бидејќи го става во одредена дефанзива, односно веројатноста дека ќе ги послуѓа родителите е уште помала. Исто така, ваквиот начин на изразување е одреден вид засрамување на детето и негативно влијае на неговата самодоверба бидејќи добива впечаток дека се што прави, го прави на погрешен начин.