Кога жената ќе роди дете, често тие први недели минуваат како во магла, повремени посети, постојана грижа за бебето…
Во зависност од временските услови, излегувањето со бебето често е реткост, освен ако жената не живее во зона каде што времето е токму тогаш идеално, каде што сѐ ќе се поклопи и жената може и има волја.
Понекогаш може да се случи едноставно да не ви се излегува. Но, дали знаевте дека според некои стари верувања и во некои древни култури, жените треба да останат дома и да се одморат што е можно подолго, со денови или дури и со недели?
Една таква практика потекнува од кинеската традиција, а припадниците на оваа нација ја практикуваат и денес. Се разбира, не сите, но сепак, опстојува меѓу луѓето.
Во ова се уверила една новопечена мајка чија свекрва ѝ предложила „постпородилен притвор“.
Можеме да го наречеме и поинаку, но факт е дека на англиски се користи истиот збор како и за затвор, па решивме да го употребиме.
Станува збор за периодот кога мајката останува дома, не излегува, добива храна, поддршка и нега од некого – во случајов од свекрвата – и цел месец се воздржува дури и од туширање за да може да се одмори.
Саманта Ли објавила на својот профил на Тик-Ток како изгледале тие 30 дена, заедно со нејзината свекрва и сопругот Алојсиус Ли, додека се придржувала до нивната кинеска семејна традиција на „притвор“.
Кога нивниот син дошол дома, свекрвата на Саманта, Алиша, ѝ помогнала со тоа што готвела вкусни, свежи оброци секој ден и се грижела за нивното бебе за да може Саманта да се фокусира на грижата за себе и лекувањето.
Но, освен ова, Саманта следела уште едно правило, односно традиција – да не се тушира еден месец. Имено, се верува дека водата може да ја намали телесната температура на човекот, што не е добро, па затоа се избегнува туширање. Згора на тоа, не смеете ниту да ја допирате водата, па за капењето на бебето се грижеле партнерот и свекрвата.
Што се однесува до водата за пиење, според ова верување, жената по породувањето може да пие само билен чај – околу 2-3 литри дневно, за да остане хидрирана во секое време.
Партнерот на Саманта, Алојсиус, кој е од кинеско-малезиско потекло, набавил навреме пакети со храна од Малезија кои содржеле традиционални билки, чаеви и храна која обично ѝ се дава на новопечената мајка во текот на првите 30 дена.
Во серијата видеа на Тик-Ток на нејзиниот профил што таа ги нарекува „Белкиња која ги живее своите соништа за породувањето“, Саманта ги документира сите нејзини оброци, вклучително и јадењето супа од црн дроб и лековити апчиња наречени Бак Фонг Јин за „зајакнување на нејзината матка“.
Во еден од кадрите, Саманта јаде пилешко со куркума и ѓумбир и прави некои нежни движења и вежби за дишење за да може „повторно да се поврзе со своето тело по породувањето“.
Супата од свинско е уште еден деликатес на менито, која е дозволено да ја јадат само жени, бидејќи наводно, предизвикува гаден осип. Старите верувања и традиции важат не само за мајката, туку и за бебето.
Во еден дел од видеото, свекрвата го мие бебето во пиво Гинис, за да се ослободи од осипот, бидејќи тоа, наводно помагало.
„Никогаш не поставуваме прашања. Едноставно го правиме тоа“, се смее свекрвата Алисија во едно од видеата.
Инаку, Саманта секој ден од „притворот“ правела по едно видео и во секое покажува што јаде и пие и дава оцени за истото.
Барем на видеата, свекрвата не се налутила поради пониските оценки за некои од оброците.
И згора на тоа, тие две заедно подготвиле е-книга со упатства за 30-дневен „постпородилен притвор“.