Популарниот руски психолог Михаил Лабковски зад себе има 40 години работа на тема семејна психологија. А еве што зборува за воспитувањето на ќерките и за мајките кои трпат.
„Статистички, жените се најчести жртви во семејствата. Не ми се допаѓа идејата дека жените се по природа пасивни и пожртвувани. Всушност, постојат општествени корени, норми, но и родителски реченици кои буквално ја закопуваат девојката, а подоцна и жената:
„Ти си девојка, девојките не се караат“.
„Чувај си го образот, молчи, биди над него…“
„Жената мора да умее да трпи“ – и други глупости.
За жал, многу мајки сè уште ги воспитуваат своите ќерки на овој начин. Но, се случува и мајката да ѝ каже на ќерката: „Биди силна“, „мора да се заземеш за себе“ или „тебе ништо не те ограничува“, додека во исто време мајката го живее животот како типична жртва.
Секако, најлошото нешто што една мајка може да му го направи на своето дете е да седне по расправија со татко му и да каже „види што ми направи татко ти!“
Ова не смее да се случи! Вашето дете не треба да ви биде терапевт!⠀
Патем, да се осврнам на популарната фраза: „Го трпев само заради децата“ – Драга жена, колку повеќе го трпиш и трпиш, толку посилно формираш жртва во своите деца!⠀
Ако сакате да направите нешто важно за вашето дете – оставете го тиранинот! Подобро би било децата да живеат под кирија, на село или да трпат сиромаштија, отколку да гледаат како татко им ја злоставува мајка им или како нивните родители се расправаат секој ден.
Еден мој пријател сака да кажува: „Сè уште не е сè одлучено! Секогаш можете да почнете да живеете поинаку“.
Проблемот е главата, а не мажот, шефот, економската ситуација или бог знае што! И само вие можете да го направите првиот чекор!“