Користеното автомобилско седиште не смее да биде постаро од 4 години. Дали знаевте дека седиштата за во автомобил имаат рок на траење? На повеќето рокот им истекува по шестата година, но зависи од производител до производител. Добро проучете го упатството за вашиот модел. Ако истече рокот, нема исти безбедносни стандарди. Треба да ја знаете „историјата“ на седиштето: дали било во судир и колку е старо, што е често невозможно со користените модели. Користеното автомобилско седиште за новороденче за кое размислувате не треба да биде постаро од четири години. Ова ќе ви обезбеди да го користите најмалку две години додека вашето бебе не го прерасне и не биде подготвено за следниот вид седиште за автомобил.
Подобро е да купите нов апарат за издојување.
Можеби мислите дека не вреди да го купувате затоа што нема да се издојувате. Ако е така, имате право. И, ако планирате да комбинирате доење и издојување или поради некоја причина сакате само да се издојувате, инвестирајте во купување ново, бидејќи некои бактерии и вируси можат да се пренесат во мајчиното млеко.
Повеќето апарати за издојување имаат делови што не можат целосно да се исчистат или заменат. Вие нема да можете целосно да го стерилизирате позајмениот издојувач, такашто вашето млеко може да се зарази со бактерии. Од друга страна, можно е по некое време и да не работи толку добро, такашто ќе се мачите со издојувањето.
Новото креветче е побезбедна од старото
Американска академија за педијатрија предупредува дека лупењето на бојата и рапавите места или иверката можат да бидат опасни за бебињата, а шансите за овие опасности се зголемуваат како што лулките стареат и се „трошат“. Исто така, американската комисија за безбедност на потрошувачите, по промената во федералните закони за безбедност, забранила продажба и производство на креветчиња и колевки со подвижни огради.
Бидете внимателни со кадифените играчки.
Слатко е кога, особено некој од семејството ќе ви го понуди омиленото кадифено животно на нивното бебе кое сега е возрасно лице, но внимавајте што земате. Постои реална опасност од пренесување на стеници и други бактерии кои се пренесуваат преку кадифените играчки или други предмети од ткаенина. Но, ако сакате на бебето да му го проследите вашето омилено мече од детството, не кревајте паника. Темелно исперете го и проверете дали постои опасност од задушување, како што се „зашиени очи“ што би можеле да испаднат.