Се сеќавам дека училишната клупа беше зелена, исто како липата што правеше голема сенка во мојата училница на првиот училиштен ден, кога наставничката ја напиша буквата „а“ на таблата.
Мојата наставничка за мене беше четвртиот голем човек, кој беше најголемото богатство на знаење за мене во тоа време. Вистина е дека не ја реформирала азбуката, ниту ќе се држат лекции за неа, но таа ми беше пример кога растев. Тогаш немаше ништо друго да ни го окупира вниманието, не носевме телефони на училиште, немавме социјални мрежи и не размислувавме за игри. Го имавме само тој момент, во таа правоаголна просторија под сенка, и приказни за луѓе кои немаа каде да одат освен во нашите глави. Затоа, од училиште се враќавме со научени лекции и не требаше некој од членовите на семејството дополнително да ни објаснува.
Во сенката на истата липа, оваа топла есен, речиси 25 години подоцна, додека уживав во шолја кафе, моето дете ги апсорбира своите први лекции со еднакво внимание. Ме радува што и неговата учителка со ентузијазам го пренесува своето знаење, а понекогаш, помагајќи му да го совлада материјалот, се враќам во моето детство и се сеќавам на сите мириси на природата надвор.
И денес седнуваме заедно на маса, откако ќе си ја заврши домашната задача, овој пат со мала помош од мене, признавам. Иако се трудам да бидe самостоен, неизбежно е понекогаш да помогнам во решавањето на задачите. Времето повеќе не е како што беше, и не треба да биде. Дистракциите што им го одвлекуваат вниманието на денешните деца се многу, го делат нивното внимание на многу делови, а лекциите, во најголем дел, треба да се научат малку повеќе дома. Додека го слушам како радосно ја прераскажува научената лекција, се навраќам во детството кога мајка ми ме слушаше како раскажувам.
Сфаќам во моментот дека иако се чини дека многу работи се промениле, навистина и не е баш така. Децата секогаш ќе бидат деца, а наше е да се приспособиме на новото време и да најдеме начин како да им го приближиме знаењето. Наша задача, заедно со денешните учители, е да ги научиме да бидат самостојни и да ги поттикнеме сами да ги надминуваат пречките, но и да им покажеме дека сме нивна поддршка и ветер в грб, кога тоа е потребно.
Текстот е од ТУКА.