Лондончанката Бејли Енис очајно сакала да стане мајка, но не сакала да биде во врска. Таа сама решила да забремени. Тоа и го направила во октомври 2021 година, а на 2 јули годинава го родила малото момче Лоренцо, кое го одгледува како самохрана мајка.
„Одлуката да забременам сама беше најдобрата што сум ја донел. Да се биде мајка е прекрасно и мило ми е што сама ја донесов одлуката. Бидејќи сум лезбејка, отсекогаш знаев дека ќе морам да забременам преку вештачко оплодување. Во моментов не сакав да бидам во врска, туку сакав да имам бебе“, изјавила Бејли.
Таа вели дека не барала посебни карактеристики кај донорот на сперма, туку само да е тоа доверлива и здрава личност.
„Најдов лице со соодветно здравствено досие, кое веќе беше донатор на два ЛГБТК парови. Се слушнавме преку WhatsApp и се сретнавме на кафе и двајцата се договоривме тој да биде мој донатор. Тој се согласи да биде донатор за повеќе деца , ако сакам да ги имам. Сакам да има браќа и сестри со кои ќе биде во крвно сродство“, додала таа.
Бејли потоа купила комплети за ИВФ преку Интернет. Таа ги чекала своите плодни денови, а потоа донаторот ја донел својата донација и ѝ помогнал да ја искористи опремата. На 31 октомври дознала дека е бремена.
„Тоа е се што сакав во животот“, истакнува оваа жена.
Нејзината бременост била нормална, а се породила во 38-та недела. Таа на 2 јули 2022 година родила момче тешко 2324 грама.
„Тој е прекрасен. Го има мојот нос, моите очи и кафена коса, како мојата. На донаторот му ја кажав веста. Лоренцо ќе знае за него и може да го запознае ако сака”, заклучила Бејли.