Секој родител сака неговото дете да порасне во добра и емпатична личност, но за жал, некои родители се непријатно изненадени кога ќе дознаат дека нивното дете ги малтретира другите.
Сепак, постојат многу начини на кои можеме да ги воспитуваме децата за да бидат емпатични и љубезни со своите врсници уште од рана возраст, вели клиничкиот психолог Саманта Родман Вајтн за порталот Yourtango.
Еве осум начини како да воспитате дете кое нема да биде насилно:
Научете го на емпатија
Децата треба да научат да размислуваат за туѓите чувства, како и за своите. Важно е да ги потврдите нивните емоции, но и да им покажете како да ги разберат чувствата на другите. На пример, наместо само да кажете: „Гледам дека беше лут/а кога Иван ти ја одзеде топката“, можете да додадете: „Изгледа и тој беше лут, можеби мислеше дека ќе играте заедно“.
Зборувајте за сопствените емоции
Не им помага на децата ако ги гледаат родителите како емотивно непобедливи. Ако родителите ја покажат сопствената ранливост, децата полесно ќе развијат емпатија за себе и за другите. На пример: „Жал ми е што не си играв со тебе затоа што бев нервозен/на околу чистењето“.
Потврдете ги чувствата на сите деца вклучени во конфликтот
Доколку дојде до конфликт меѓу децата, важно е да се покаже разбирање за сите страни. Ова ги учи дека секој има свои причини и чувства зад своите постапки. На пример: „Ти си лут/а затоа што сестра ти ја зеде играчката, а таа беше тажна затоа што не ѝ обрнуваше внимание“.
Зборувајте за оние што не знаат да зборуваат
Децата треба да ја разберат важноста на заштитата на слабите, како што се животните и бебињата.
Разговарајте за чувствата на другите луѓе
По средбата со членовите на семејството или пријателите, можете заедно да размислите како се чувствувале. На пример: „Што мислиш, што чувствуваше баба кога ни мавна за збогум?“
Бидете доследни во однос на задевањето на другите
Навредите и задевањата треба веднаш да се прекинат, дури и кога се мали. Кога детето нарекува некого со лошо име, наместо да се смеете на тоа, важно е да му објасните: „Може да го повредиш, не е убаво другите да ги нарекуваш со лоши имиња“. Објаснете им дека секој има чувства и сака пријатели, без разлика на изгледот. Децата треба да разберат дека секој, без разлика на различностите, заслужува почит и пријателство. Доколку се сретнат со дете со посебни потреби, наместо да го избегнуваат, родителите треба да го поттикнат да се сретне и да се поздрави со нив.
Научете ги да се извинат кога ќе направат грешка
Наместо тивко да се извинуваат или да се срамат, важно е да преземете одговорност и јавно да покажете дека грешките не се во ред. На пример: „Жал ми е што силно ти ја стиснав раката кога почна да ги кршиш работите. Бев лут/а, но тоа не ги оправдува моите постапки“.
Имено, родителите треба да внимаваат и на свеото однесување – децата учат од примерите што ги гледаат дома. Ова ќе им помогне да ги научат вредностите на емпатијата и почитта, што во голема мера ќе ја намали веројатноста да станат насилници.