Времето пред екраните не е нужно лошо, а видео игрите се подобри за децата од гледањето телевизија

Времето поминато пред екран стана една од најконтроверзните теми во современото родителство. Многу родители се загрижени заради зависноста од електрониката и се трудат времето пред екраните да го сведат на апсолутен минимум. Но, сè повеќе истражувања покажуваат дека родителите треба да имаат многу повнимателен пристап кога станува збор за управување и ограничување на времето пред екранот.

Постојат голем број на активности кои вклучуваат употреба на екрани и секоја од овие активности има свои предности и недостатоци. Сепак, здравствените организации често ги предупредуваат родителите да го ограничат времето кое децата го поминуваат пред екраните, без разлика дали тоа е играње видео игри или гледање Нетфликс, за нивните деца да не станат асоцијални и дебели. Но, вистината е дека играњето видео игри не е исто што и пасивното гледање телевизија, а многу видео игри се одлични за децата.

Насоките на Американската академија за педијатрија (AAP), на пример, препорачуваат ограничено заедничко гледање „висококвалитетна програма“ за деца на возраст меѓу 18 и 24 месеци. Тие дополнително препорачуваат ограничување на времето пред екранот на 1 час дневно за деца над 2 години. Упатствата не се премногу конкретни за тоа што значи висококвалитетна програма и не ги земаат предвид различните типови на интеракција со екраните. Сепак, AAP ја нагласува значајната разлика помеѓу активното и пасивното време што децата го поминуваат пред екранот.

Тивкото, пасивно консумирање на содржини е многу различно од активното користење на екраните. Има огромна разлика во искуството помеѓу детето што ја гледа најновата стриминг детска емисија и она што гради цет свет во Minecraft, на пример. Родителите можат да ја искористат оваа разлика за да ги усовршат правилата на времето пред екраните.

Тоа би можело да им помогне на родителите да размислат за квалитетот на времето пред екранот. Најлошо е т.н неангажирана потрошувачка. Најдобар е интерактивниот ангажман на целото тело. Така, ако детето гледа Netflix, на пример, би било подобро да се исклучат преводите, бидејќи тоа ќе го принуди детето да обрне внимание и на јазикот и на контекстот. Уште подобро би било да ги гледате програмите со децата и да разговарате со нив за акционите точки и чувствата на ликовите. Квалитетните видео игри со интерактивна содржина, како што се акционите видео игри со повеќе играчи, се исто толку добри како видео игрите за кои е потребен избор, конструкција и кодирање, или видео игрите за кои е потребно движење на целото тело.

Во 2017 година, истражувачите од Универзитетот во Рочестер и Универзитетот Брок ја испитуваа научната литература која го заокружи користењето на видео игри низ призмата на психологијата.

Истражувачите пронајдоа голем број студии кои ги покажуваат придобивките од видео игрите темелени на друштвена детерминација: „Студиите ја поддржаа хипотезата дека играчите на видео игри може да доживеат зголемена автономија додека играат ако се чувствуваат слободни да ги спроведуваат активностите кои ги интересираат, компетенција ако се чувствуваат способни во превладувањето на предизвиците на играта и поврзаност ако кога играат игри со други, се чувствуваат блиски и поврзани со другите играчи. ”

Една од игрите што ја посочија како пример на теоријата беше мобилната игра Pokemon Go. Не само што оваа игра ја зголемува автономијата додека играчот одлучува каде да бара и да фати Покемони, туку ги поврзува корисниците кои го споделуваат искуството со Покемон, истовремено зголемувајќи го чувството за компетентност преку усовршување на вештините за управување со џебни чудовишта. Покрај тоа, играта бара активност, истражување на отворено и вежбање – што е огромна предност на оваа видео игра.

Значи, за родителите, можеби има смисла да го испратат детето да игра Pokemon Go повеќе од еден час или да се дозволи дополнително време за инженерство и истражување во Minecraft. Можеби има смисла да се олабават ограничувањата за кооперативните игри како Rocket League или Fortnite.

Покрај тоа, родителите треба да размислат за време да си играат со децата во дигиталниот свет во кој живееме. Децата кои се страстни за игрите со задоволство ќе го споделат своето знаење со своите родители. Таквата комуникација е често ретка помеѓу родителите и децата, но е вредна за поврзување и градење односи.

Малку е веројатно дека во иднина екраните ќе станат помалку застапени во нашиот секојдневен живот. Значи, време е да го прифатиме и разбереме светот во кој живееме. Екраните не се и нема да значат пропаст на нашите деца. Земајќи ги предвид неодамнешните истражувања, родителите можат да се ослободат од анксиозноста и стравот, особено кога станува збор за видео игрите. Не се жалете на децата, поттикнете ги и најдете нови начини за поврзување со нив.

видео-игридецателевизија