Забави за откривање на полот на бебето? Сега се ин и забавите за откривање на името


Идните родители во последниве години се чинеше дека се натпреваруваа за пораскошна и поинтересна забава за откривање на полот. Нивните снимки ги преплавија социјалните мрежи и често беа предмет на дискусии. Но, тоа би можело да стане историја бидејќи се појави нов тренд.

Трудниците и нивните партнери направија нов чекор и сега објавуваат видеа во кои го откриваат името што го избрале за своето бебе. Едно такво видео на Инстаграм објави инфлуенсерката Тифани Хотон, која е бремена во 38 недела и чека девојче.

Со речиси половина милион нејзини следбеници, таа сподели видео на кое со нејзиниот партнер стојат опкружени со розови балони на кои се испишани имињата Кејт, Тандер, Роуз, Керолин, Лили и Оливија. Со игла пробиваат еден по еден балон, додека на крајот не остане само оној на кој пишува Лили и на тој начин откриваат дека токму така се вика нивното девојче кое наскоро ќе пристигне на светот.

Comments (1)
Add Comment