Забавувањето со значително постар, односно, помлад партнер е нов тренд, откриваат податоците од апликациите за запознавање.
Кога велиме постари – мислиме на разлика од, да речеме, 10 или дури 20 години.
Мирор пишува дека се чини дека тоа ќе биде уште поизразено во текот на 2024 година. Врз основа на одговорите на 25.000 испитаници, онлајн апликацијата за запознавање „Бамбл“ (Bumble) заклучилa дека големиот јаз во возраста ќе станува сè попопуларен кај сè повеќе парови.
„Самците повеќе нема да бараат идеален партнер и годините сè помалку ќе се земаат предвид. Од друга страна, на цена ќе биде емоционалната чувствителност, самоприфаќањето и заедничките приоритети“, се наведува во анализата.
А која е идеалната разлика во годините?
Нема, според психологот Тоби Ингам, пишува англиските весници.
„Порано беше важно луѓето да припаѓаат на иста генерација. Во денешно време тоа е сè помалку важно и младите не се оптоваруваат со тоа. Возраста им е многу помалку важна, а тоа што е важно е квалитетот на врската“.
Така, секој кој бара партнер може да се опушти и да најде сродна душа без разлика на возраста…