Засадете дрво што раѓа шпагети!

Први април е кога луѓето ширум светот се шегуваат еден со друг смислувајќи безопасни досетки и објавувајќи лажни новости.

Во некои земји, како Велика Британија, Австралија и Јужна Африка, досетки се прават само до пладне, а секој што ги прави попладне се нарекува априлска будала (April Fool).

Во многу други земји луѓето се шегуваат по цел ден. Во Франција, Белгија, Холандија, Италија и француските говорни подрачја во Канада и Швајцарија, традицијата на 1 април е позната како „априлска риба“ (april fish). Вообичаена шега е обид незабележливо да се залепи хартиена риба на грбот на „жртвата“.

Историја на Денот на шегата

Најраната врска помеѓу 1-ви април и шегите се појавува во „Кентербериските приказни“ на Џефри Чосер од 1392 година. Според една верзија, Денот на шегата настанал кога во 16-тиот век Новата година била преместена од 25 март на 1 јануари. Дотогаш во многу европски градови новогодишната ноќ се славела на 25 март, а прославата траела седум дена, до 1 април. Според ова толкување, оние кои го прифатиле новиот датум за Нова Година се шегувале со оние кои се уште го славеле до 1 април.

Во 18 век, се сметало дека овој ден потекнува од библиската личност Ное. Според една статија од англиски весник објавена во 1789 година, на тој датум Ное ја испратил гулабицата за првпат, прерано.

Панорама, телевизиска програма на Би-Би-Си, ја објавила познатата првоаприлска шега во 1957 година за тоа како Швајцарците имаат берба на шпагети од дрвјата, кога голем број гледачи ја контактирале редакцијата за да дознаат како можат сами да одгледуваат шпагети.

Во 1998 година, Бургер Кинг објавил реклама во САД за хамбургери за леваци, кои се направени така што содржината им тече од десната страна.

Во 1977 година Гардијан објави во додаток пофална статија за измисленото одморалиште и неговите два острова, Аперкејс и Лоуеркејс (големи и мали букви), главниот град Бодони, и неговиот водач, генералот Пико.

Заинтересираните читатели биле разочарани кога дознале дека сите места се измислени и дека нивните имиња се земени како термини од типографијата.

Некои настани кои навистина се случиле на 1-ви април често биле дочекувани со неверување, како на пример кога Иран го прогласи 1-ви април за Ден на Републиката во 1979 година и до ден-денес многумина не веруваат дека тоа е вистински празник.

Во данскиот град Албертслунд во 2009 година, училиште за малку ќе изгорело до темел бидејќи пожарникарите не верувале дека првите два повици биле вистински.

1 априлшеги