Заспав додека доев и го задушив син ми: Мајка сподели видео како предупредување за мајките што дојат

Со цел да ги предупреди родителите за потенцијалните опасности од заедничкото спиење со мало бебе, но и да укаже како исцрпеноста на родителите во некои случаи може да предизвика опасни последици, мајката Бека Кард решила да ја сподели својата трагична приказна на својот профил на TikTok. Имено, нејзиниот тримесечен син Хејден починал за време на ноќното хранење откако исцрпената Бека во еден момент заспала од голем замор и го задушила со сопственото тело.

Како што објаснила во видеото кое брзо станало вирално, била исцрпена бидејќи нејзините две деца минувале низ фази кои ја држеле долго време будна и била хронично ненаспана. На постарото дете му никнувале заби, додека малиот Хејден поминувал низ регресија на спиењето. Покрај тоа, таа неодамна преболела тешка пневмонија, поради која нејзиниот организам бил дополнително исцрпен.

„Заспав додека го доев моето бебе, а се разбудив дури кога го слушнав мојот сопруг како во паника го извикува името на Хејден. Во тие денови спиев можеби само шест од 72 часа, што дефинитивно не беше доволно сон за некој кој е сè уште болен, а во исто време се грижи за две деца со полно работно време“, објаснила Бека, која, како што вели. вели, ја споделила својата приказна на социјалните мрежи за да ги предупреди другите родители дека вакво нешто може да му се случи на секого.

Иако не е против заедничкото спиење со деца, таа нагласува дека е неопходно да се биде особено внимателен во ситуации кога чувствувате дека сте преморени.