Жена која 4 пати била сурогат мајка, открила колку заработила


38-годишна жена која четири пати била сурогат мајка, споделила детали од своето искуство на Редит. Таа пишува дека три пати била гестациски сурогат, а еднаш традиционален.

Имено, гестацискиот родител не е биолошки поврзан со детето, туку само го носи плодот и го раѓа детето. Добива паричен надомест и нема родителско право над детето. Традиционалната сурогат мајка дава своја јајце-клетка и затоа се смета за еден од биолошките родители на детето. Традиционалното сурогат мајчинство е поретко поради правната и психолошка сложеност, но може да биде поевтино.

„Најстарото дете сега има 16 години, а најмалото 11“, открила таа.

За првото дете заработила 12.000 долари (10.976 евра), за второто 30.000 долари (27.441 евра), а за третото 35.000 долари (32.014 евра). Четвртиот пат го направила тоа бесплатно бидејќи ѝ била сурогат мајка на сопствената сестра.

„Парите не ме мотивираа, а „работата“ не ме спречи да имам свои деца“, споделила таа.

Таа е мајка на 19-годишник, осумгодишник и петгодишник.
„Мојот најстар син имаше три години кога го родив првото сурогат дете, а осум кога го родив најмалото. Тоа што го правам никогаш не му беше чудно затоа што порасна мислејќи дека е нормално мајка му да раѓа деца и да ги дава. Секогаш кога ги познаваше семејствата чии деца ги носев и сè уште сме во контакт со нив. Најстариот сурогат син го гледаме поретко бидејќи е странец, но семејството редовно ни доаѓа на посета“, истакнува таа.

Во одговорот на прашањата на корисниците, таа откри дека за прв пат била сурогат мајка на геј пар од Франција. Другите два случаи биле за исто семејство. За жал, помалото дете починало од генетско заболување на рана возраст.

„Не бев тажна како нејзините родители, но беше тешко“, додава таа.

По четврти пат користела сопствена јајце клетка бидејќи нејзината сестра е неплодна.

децамајкасурогат