Жена во Калифорнија родила близнаци, едното бебе во 2021, другото во 2022.година

Фатима Мадригал од Калифорнија родила близнаци со разлика од 15 минути. Првото бебе е родено на 31 декември 2021 година во 23:45 часот, а второто само 15 минути подоцна, на 1 јануари 2022 година.

Близнаците се родени во Медицинскиот центар Навидад во Калифорнија.

„Ајлин Јоланда Трухило е првото бебе родено во 2022 година во Салинас. Нејзиниот брат близнак Алфредо Антонио Трухило е роден 15 минути порано, во 23:45 часот на 31 декември. Тоа значи дека нивните родендени паѓаат во различни денови, месеци и години – шансите за ова се 1 на 2 милиони“, се вели на Твитер профилот на болницата.

Во изјава за магазинот Пипл, Мадригал вели: „Лудо е што се близнаци и имаат различни родендени. Изненадена сум и среќна“.

Докторката д-р Ана Абрил Аријас вели дека ова е еден од најнезаборавните моменти во нејзината кариера.

Сличен случај се случи во Индијана кога една жена го роди своето прво дете со разлика од 30 минути на 31 декември 2019 година, а второто на 1 јануари 2020 година.

majkaбебеблизнаци