Не знам колку сте активни на Тик-Ток, но вашите девојчиња се. И има големи шанси да гледаат рецензии за производи за нега на лице кои воопшто не им се потребни, но ќе побрзаат до блиската аптека барајќи го новиот популарен производ затоа што некојаси таму инфлуенсерка им рекла дека е одличен за кожата. Сè почеста е глетката на групи девојчиња кои прегледуваат и пробуваат шминки во продавниците.
Погодете која е мајката, а која е детето, врескаше насловот од неодамнешното вирално видео. Го гледате видеото и навистина немате поим која е мајка, а која ќерка. И во ред, некои раѓаат многу млади, на некои им помагаат гените, па не е нешто што е незамисливо.
Но, она што е незамисливо во нашата генерација е дека девојчињата се шминкаат уште во пониските одделенија во основно. Првите меѓу нас почнаа да се шминкаат во средно, можеби некои ставија малку маскара и лошо моливче за очи за полуматура, но мислам дека не се купуваа серуми или креми за лице наменети за возрасни.
Што да кажам, немавме Тик-Ток и Инстаграм, па не бевме под влијание на брендови или инфлуенсери. Нашите идоли не ни продаваа производи, само музика и лоши фризури.
Но, минатиот Божиќ, девојчињата на нивните листи со посакувани подароци ставаа шминка – и тоа онаа на онаа од еден вирален бренд на Тик-Ток. Генерацијата Алфа – оние родени помеѓу 2010 и 2023 година – се првата генерација што порасна во дигиталниот свет. И брендовите знаеја како да ја искористат ранливоста на младите девојчиња за да профитираат, баш исто како и инфлуенсерите. Оти зошто инаку 10-годишно девојче би барало крем со ретинол во продавница кој чини 55 евра?
Благодарение на Тик-Ток, брендот Drunk Elephant стана најбараниот бренд меѓу девојчињата на возраст од осум и нагоре. Според Форбс, брендот остварил нето профит од 1.000 милиони долари во 2018 година, кога биле прогласени за „најбрзо растечка компанија во индустријата за нега на лице во историјата“.
Веќе има хаштагови #sephorakids и #kidsatsephora, па погледнете што се крие под тоа. Ние го немаме тој бренд, но има и други кои исто така доста добро ги користат социјалните мрежи и инфлуенсерите за да им кажат на вашите деца дека не се доволно убави и млади и дека им требаат скапи производи.
Никој нема поим колку години имаат децата денес
Денес не можете да знаете колку години имаат девојчињата: 12 или 17.
Тие се нашминкани како ниес кога излегувавме за викенд за време на студии, па некои од нас ниту тогаш. Денешните мајки на тинејџери велат дека денес сите се шминкале во седмо одделение. И дека ставаат гел на ноктите.
Искрено, не можам ни да сфатам колку години имаат ниту повозрасните што си го менуваат личниот опис ставајќи разни ботокси и филери на лицата и усните, ги издаваат само рацете и во лето опуштената кожа на долната страна на надлактицата – тој дел наводно прв ја покажува возраста затоа што не може да се затегне и со најсилниот тренинг.
Но, да се вратиме на девојчињата.
Сѐ ни се случи пребрзо и не се снајдовме
Повеќето девојчиња отсекогаш сакале да се шминкаат. Како деца, повеќето ги имитираат мајките, им го крадат карминот и се шминкаат како кловнови. Учиме со имитација и сосема е нормално девојчињата да гледаат што прават постарите девојки. Но, денес ние постарите им ја туркаме шминката во рацете.
Децата не се криви што сакаат побрзо да пораснат и да бидат поубави ако ги земеме да им ја средат косата на пет години (добро прочитавте, некои мајки тоа го бараат, фризерката ми кажа дека сѐ повеќе и повеќе го прават тоа.)
Децата не се виновни што мислат дека треба да бидат поубави отколку што се затоа што нивните мајки ги фотошопирале кога биле бебиња (некои мајки – инфлуенсерки го прават и тоа!).
Децата не се виновни ако побараат ботокс на 18 години. Имате и регионални инфлуенсерки кои јавно промовираат примена на бебешки ботокс на 25 години и порано со цел да се спречи создавањето на брчки. Затоа што стареењето денес е најлошата казна.
Децата не се виновни што мислат дека не се доволно убави. Виновни се возрасните.
Има такви брендови и инфлуенсери кои ги интересираат само парите и не им е гајле што им продаваат креми на вашите и на нашите деца, со или без ретинол.
Имаме родители кои не го ограничуваат или контролираат пристапот на своите деца до социјалните мрежи, кои не разговараат со нив за она што го гледаат, кои сакаат да ги направат своите деца ѕвезди на социјалните мрежи…
Сѐ ни се случи пребрзо и не се снајдовме. Ниту нашите деца не се справуваат. А тие се толку природно убави, без никакви креми. Штета е што сè помалку деца навистина мислат така за себе. Ви благодариме инфлуенсери.